Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 41:1-29

41  „Молчете и слушајте ме, острови!*+ Народите+ нека соберат сила! Нека пристапат+ и тогаш нека проговорат! Пристапете кај мене на суд!+  Кој го подигнал оној што доаѓа од исток?+ Кој го повикал во праведност кај своите нозе и му предал народи и му дал власт да покори цареви?+ Кој ги предал како прав под неговиот меч, па неговиот лак ги разнесува како плева?+  Кој ги прогонувал и мирно чекорел со своите нозе по патот по кој никогаш не одел?  Кој го направил+ и го извршил тоа? Кој ги повикува поколенијата од искон?+ Јас, Јехова, кој сум прв.+ И спрема последните ќе бидам истиот.“+  Островите+ се исплашија од она што го видоа. Затреперија земните краишта.+ Се приближуваат, доаѓаат.  Секој му помага на својот другар и му вели на својот брат: „Биди јак!“+  Дрводелецот го бодри златарот,+ оној што мазни со чеканот го бодри оној што кове на наковална, велејќи за залепеното место: „Добро е“. Потоа го прицврстуваат кипот со клинци за да не се помрдне.+  „А ти, Израеле, си слуга мој.+ Ти си, о Јакове, избраник мој,+ потомство на Авраам,+ мојот пријател.+  Тебе те зедов од краиштата на земјата+ и те викнав од нејзините краишта.+ И ти реков: ‚Ти си мој слуга.+ Те избрав+ и не те отфрлив.+ 10  Не плаши се, зашто јас сум со тебе!+ Не свртувај се плашливо, зашто јас сум твојот Бог!+ Јас ќе те зајакнам+ и ќе ти помогнам.+ Ќе те потпрам со мојата праведна+ десница‘.+ 11  Гледај, ќе се посрамат сите оние што се жестат на тебе и ќе бидат понижени.+ Оние што ти се противат, ќе бидат како ништо и ќе изгинат.+ 12  Ќе ги бараш оние што се борат против тебе, но нема да ги најдеш.+ Оние што војуваат против тебе ќе бидат како ништо, како ништожност.+ 13  Зашто јас, Јехова, твојот Бог, те држам за десницата+ и ти велам: ‚Не плаши се!+ Јас ќе ти помогнам‘.+ 14  Не плаши се, црву+ Јакове, народе на Израел!+ Јас ќе ти помогнам“, вели Јехова, твојот Откупител,+ Светецот на Израел. 15  „Гледај, ќе направам да бидеш како вршалка за жито,+ како нова вршалка со двојни запци. Ќе ги газиш и ќе ги дробиш планините, ќе ги претвораш во плева ридовите.+ 16  Ќе ги вееш,+ и ветрот ќе ги однесе,+ виорот ќе ги распрсне.+ А ти ќе му се радуваш на Јехова.+ Ќе се фалиш со Светецот на Израел.“+ 17  „Страдалниците и сиромасите бараат вода,+ а вода нема. Од жед+ им се исушил јазикот.+ Јас, Јехова, ќе ги услишам.+ Јас, Богот на Израел, нема да ги оставам.+ 18  На голите ридови ќе отворам реки, а среде долините — извори.+ Пустината ќе ја претворам во езеро, а безводната земја — во водни извори.+ 19  Ќе посадам во пустината кедар, акација, мирта и маслодајно дрво.+ Ќе посадам во пустелијата смрека, јасен и кипарис заедно,+ 20  па сиот народ нека види и нека знае, нека има на ум и нека сфати дека раката на Јехова го направила тоа, дека Светецот на Израел го создал тоа.“+ 21  „Изнесете го својот спор!“+ — вели Јехова. „Предочете ги своите докази!“+ — вели царот Јаковов.+ 22  „Предочете ги и кажете ни што ќе се случи! Кажете ни што беше прво, за да размислиме за тоа и да сфатиме што носи иднината! Или објавете ни го она што доаѓа!+ 23  Кажете ни што ќе биде потоа, па ќе знаеме дека сте богови.+ Направете нешто, добро или зло, па сите ќе го гледаме тоа и ќе го видиме.+ 24  Ете, вие сте ништо и вашите дела се ништожни.+ Одвратен е секој што ќе ве избере вас.+ 25  Подигнав еден што доаѓа од север, и тој ќе дојде.+ Од исток+ ќе го повикува моето име. Ќе ги прегази намесниците како да се глина,+ како што грнчарот ја гази свежата глина. 26  Кој кажал нешто од почетокот, па да знаеме, или од дамнина, па да речеме: ‚Има право‘?+ Навистина нема кој да го рече тоа. Навистина нема кој да го објави. Навистина нема кој да ги чуе вашите зборови.“+ 27  Оној што е прв му вели на Сион: „Гледај, еве ги!“+ На Ерусалим ќе му испратам носител на добра вест.+ 28  Гледав, но немаше никој. Нема ниту еден меѓу нив кој би дал совет.+ Ги прашав и чекав одговор. 29  Ете, сите тие се ништо. Нивните дела се ништожни. Нивните леани ликови се ветар и ништожност.+

Фусноти

Или: „приморски краишта“. Станува збор за Средоземното Море.