Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 4:1-6

4  Во тој ден седум жени ќе се фаќаат за еден маж+ и ќе му велат: „Свој леб ќе јадеме и свои фустани ќе носиме, само да го носиме твоето име за да се симне нашиот срам“.+  Во тој ден Јеховината фиданка+ ќе биде за украс и за слава,+ а плодот од оваа земја ќе биде за гордост+ и за убавина на преживеаните синови на Израел.+  За остатокот на Сион и за преостанатите во Ерусалим ќе речат дека му се свети,+ сите што се запишани за живот во Ерусалим.+  Кога Јехова со духот на праведната пресуда и со духот што изгорува+ ќе го измие изметот од сионските ќерки+ и кога ќе ја испере+ од Ерусалим пролеаната крв,+  над сета гора Сион, која ја втемелил,+ и над нејзиното зборно место, Јехова ќе создаде облак и чад дење, а светлост од оган распламтен+ ноќе,+ зашто над сета слава ќе има засолниште.+  И ќе направи колиба, која со својата ладовина дење ќе штити од припек+ и ќе биде прибежиште и засолниште од бура и од дожд.+

Фусноти