Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 39:1-8

39  Во тоа време, Меродах-Валадан,+ синот на Валадан,+ вавилонскиот цар, му испрати писма и подарок+ на Езекија, откако чу дека бил болен и дека оздравел.+  А Езекија им се израдува+ на пратениците и им ги покажа својата ризница,+ среброто, златото, балсамот,+ скапоценото масло, целата своја оружарница+ и сѐ што имаше во неговите ризници. Немаше ништо во неговиот дом и во целото негово царство што Езекија не им го покажа.+  Потоа пророкот Исаија дојде кај цар Езекија и го праша:+ „Што ти рекоа тие луѓе и од каде дојдоа кај тебе?“ А Езекија одговори: „Од далечна земја дојдоа кај мене, од Вавилон“.+  А тој го праша: „Што видоа во твојот дом?“+ И Езекија одговори: „Видоа сѐ што е во мојот дом. Во моите ризници нема ништо што не им го покажав“.  Тогаш Исаија му рече на Езекија:+ „Чуј ја речта на Јехова над војските:  ‚Еве, идат денови кога сѐ што е во твојот дом и што го насобрале твоите татковци до денес, ќе биде однесено во Вавилон‘.+,Ништо нема да остане‘,+ вели Јехова.  ,И некои од твоите синови што ќе потекнат од тебе, кои ќе ти се родат, ќе бидат одведени+ и ќе станат дворјани+ во палатата на вавилонскиот цар‘ “.+  Тогаш Езекија му рече на Исаија: „Добра е Јеховината реч што ја кажа ти“.+ Потоа додаде: „Зашто, додека сум жив јас, + ќе има мир и вистина“.+

Фусноти