Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 38:1-22

38  Во тоа време, Езекија се разболе на смрт.+ Тогаш пророкот Исаија,+ синот на Амос, дојде кај него и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Издај му ги потребните заповеди на својот дом+ зашто ќе умреш, нема да останеш жив‘ “.+  Тогаш Езекија го сврти лицето кон ѕидот+ и му се помоли на Јехова:+  „Те молам, о Јехова, те молам, сети се+ како ти служев*+ верно*+ и ти бев оддаден со цело срце+ и го правев она што е добро во твои очи“. И Езекија горко заплака.+  Потоа му дојде Јеховината реч+ на Исаија:  „Оди и речи му на Езекија: ‚Вака вели Јехова, Богот на Давид, твојот татко:+ „Ја чув твојата молитва+ и ги видов твоите солзи.+ Еве, на твојот век ќе му додадам петнаесет години,+  и ќе ве избавам од рацете на асирскиот цар тебе и овој град, и ќе го бранам овој град.+  Ова ти е знакот од Јехова дека Јехова ќе ја исполни речта што ти ја кажа:+  Еве, ќе направам сончевата+ сенка, која се спушти по Ахазовите скали, да се врати за десет скалила наназад“ ‘ “.+ И сонцето се врати за десет скалила наназад по скалите по кои се беше спуштило.+  Запис од Езекија, царот на Јуда, кога се разболе+ и потоа оздраве од својата болест.+ 10  Реков: „На половина од својот век ќе влезам низ вратата+ на гробот.* Ќе ми се скрати остатокот од моите години“.+ 11  Реков: „Нема да го видам Јах, Јах во земјата на живите.+ Нема повеќе да ги гледам луѓето — ќе се најдам меѓу оние што се во земјата на починката. 12  Мојот стан е однесен+ и отстранет од мене како овчарски шатор. Како ткајач го свиткав мојот живот, отсечен сум+ од нишките на основата. Од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+ 13  Се смирив до утрото.+ Како лав ми ги кршиш сите коски,+ од мугрите до ноќта ме предаваш на неволјата.+ 14  Јас црцорам како мала пиштарка, како дрозд,+ гукам како гулабица.+ Моите очи се уморија од гледање во височината.+ Велам: ‚Јехова, во неволја сум. Заземи се за мене!‘+ 15  Што да кажам и што ќе ми рече тој?+ Тоа што го рече, го направи.+ Понизно ќе одам во сите свои години со горчина во душата.+ 16  О Јехова, поради твојата доброта луѓето живеат; како и сите други, поради неа дишам и јас.*+ Ти ќе ме излекуваш и ќе ме зачуваш жив.+ 17  Еве, наместо мир имам горчина, чиста горчина.+ Ти омилела мојата душа, па ја зачува да не исчезне во јамата.+ Зашто, сите мои гревови ти ги фрли зад грб.+ 18  Гробот* нема да те слави,+ смртта нема да те фали.+ Оние што ќе заминат во јамата повеќе не се надеваат на твојата верност.+ 19  Живиот човек, само живиот човек може да те слави,+ како јас денес.+ Таткото може да ги поучи своите синови+ за твојата верност. 20  Дојди, о Јехова, спаси ме,+ и на жичени инструменти ќе ти ги свириме моите одбрани дела+ во сите денови на својот живот во твојот дом, о Јехова!“+ 21  А Исаија рече: „Нека донесат пита суви смокви и нека ја стават на чирот+ за да оздрави“.+ 22  Во меѓувреме, Езекија праша: „Кој е знакот дека ќе отидам во Јеховиниот дом?“+

Фусноти

Буквално: „одев пред тебе“.
Или: „според вистината; вистинито“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „како и за сите, таа е живот на мојот дух“.
Буквално: „шеолот“.