Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 37:1-38

37  Штом го чу тоа, цар Езекија си ја раскина облеката, се наметна со козина+ и отиде во Јеховиниот дом.+  И ги испрати Елијаким,+ дворскиот управител, Шевна, писарот,+ и свештеничките старешини,+ наметнати со козина, кај пророкот+ Исаија,+ синот на Амос.  Тие му рекоа: „Вака вели Езекија: ‚Овој ден е ден на неволја,+ на укор и на дрско подбивање,+ зашто синовите дојдоа до породување, а нема сила да се родат.+  Можеби Јехова, твојот Бог, ќе ги чуе зборовите на рапшакот,*+ кого асирскиот цар, неговиот господар, го испратил да му се подбива+ на живиот Бог, па Јехова, твојот Бог, ќе го повика на одговорност за зборовите што ги чу.+ Помоли се+ за остатокот што сѐ уште е жив!‘ “+  А кога слугите на цар Езекија отидоа кај Исаија,+  Исаија им рече: „Ова кажете му го на својот господар: ‚Вака вели Јехова:+ „Не плаши се+ од зборовите што ги чу, со кои слугите+ на асирскиот цар хулеа на мене!  Ќе го збркам,*+ и тој ќе чуе вест,+ па ќе се врати во својата земја. И ќе предизвикам да падне од меч во својата земја“ ‘ “.+  Кога чу дека асирскиот цар заминал од Лахис,+ рапшакот+ се врати кај него и го најде како се бори против Ливна.+  Имено, царот чу дека се зборува за Тирхак,+ етиопскиот цар: „Дојде во битка против тебе“. Кога го чу тоа, му испрати гласници+ на Езекија и му порача: 10  „Вака речете му на Езекија, царот на Јуда: ‚Не дозволувај да те измами твојот Бог на кој се потпираш,+ кога ти вели: „Ерусалим нема да биде предаден во рацете на асирскиот цар“.+ 11  Ете, самиот чу што им направија асирските цареви на сите земји што ги опустошија,*+ па ти ли ќе се избавиш?+ 12  Дали боговите+ ги избавија оние народи кои моите прататковци ги поразија — Гозанците,+ Харанците,+ Ресефците и синовите на Еден,+ кои се во Тел-Асар? 13  Каде се царот на Емат,+ царот на Арфад,+ царот на градот Сефарваим,+ царот на Хена и царот на Ива?‘ “+ 14  Езекија го прими писмото што му го донесоа гласниците и го прочита.+ Потоа Езекија отиде во Јеховиниот дом и го развитка пред Јехова.+ 15  Тогаш Езекија му се помоли на Јехова:+ 16  „Јехова над војските, Боже Израелов,+ кој седиш над херувими,* ти си единствениот вистински Бог на сите царства на земјата.+ Ти ги создаде небото и земјата.+ 17  Приклони го увото, о Јехова, и чуј!+ Отвори ги очите,+ Јехова, и види, и чуј ги сите зборови на Сенахирим+ кои ги испрати за да му се подбива на живиот Бог!+ 18  Вистина е, Јехова, дека асирските цареви ги опустошија сите земји, а и својата земја,+ 19  и ги нафрлаа нивните богови во оган,+ затоа што тоа и не беа богови,+ туку дело на човечки раце,+ дрво и камен — затоа ги уништија.+ 20  А сега, о Јехова, Боже наш,+ избави нѐ од неговата рака,+ за да знаат сите царства на земјата дека ти, Јехова, си единствениот Бог!“+ 21  Тогаш Исаија, синот на Амос, му порача на Езекија: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Затоа што ми се молеше поради Сенахирим, асирскиот цар,+ 22  еве ги зборовите што ги објавува Јехова против него: „Те презира и ти се потсмева девицата, сионската ќерка.+ По тебе со потсмев мавта со главата+ ерусалимската ќерка. 23  Кому му се потсмеваш+ и на кого хулиш?+ Против кого викаш+ и против кого го подигаш својот поглед?+ Против Светецот на Израел!+ 24  Преку своите слуги му се подбиваш на Јехова и велиш:+ ‚Со моето мноштво бојни коли+ ќе се искачам на врвот од планините,+ на најдалечените падини на Ливан,+ и ќе ги исечам неговите високи кедри, неговите убави смреки.+ Ќе дојдам на неговиот највисок врв, во неговата густа шума.+ 25  Ќе копам и ќе пијам вода, и со своите стапала ќе ги исушам сите нилски канали+ во Египет‘.+ 26  Зар не си чул+ што имам намера да направам уште од дамнина?+ Тоа го смислив во дамнешни денови.+ Сега ќе го направам.+ А ти си тој што ќе опустоши утврдени градови и ќе ги претвори во урнатини.+ 27  На нивните жители ќе им премалат рацете,+ ќе се уплашат и ќе се посрамат.+ Ќе бидат како билките во полето и како млада зелена трева,+ како трева по покривите+ и на нивите* подгорена од источниот ветар.+ 28  Добро знам кога седиш мирно и кога правиш нешто+ и како беснееш против мене,+ 29  зашто ти беснееш против мене,+ и твоето рикање дојде до моите уши.+ Ќе ти ја ставам својата кука во носот и своите узди ќе ти ги ставам меѓу усните,+ и ќе те вратам по патот по кој дојде“.+ 30  А ова ќе биде знакот: во оваа година ќе го јадеш она што ќе израсне од паднатото семе,+ догодина ќе го јадеш житото што ќе израсне само, а во третата година сејте и жнејте, садете лозја и јадете го нивниот род!+ 31  Преживеаните од домот на Јуда, оние што ќе преостанат,+ ќе пуштат корен во длабочина и ќе раѓаат плод во височина.+ 32  Зашто, од Ерусалим ќе дојде остаток,+ и од гората Сион+ — преживеаните. Тоа ќе го направи ревноста на Јехова над војските.+ 33  Затоа вака вели Јехова за асирскиот цар:+ „Тој нема да влезе во овој град+ и нема да ја фрли ваму својата стрела, нема да му се приближи со штитот и нема да подигне пред него опсаден насип“ ‘.+ 34  ‚Ќе се врати по патот по кој дошол, и во овој град нема да влезе‘, вели Јехова.+ 35  ,Ќе го бранам+ овој град и ќе го спасам заради себе+ и заради Давид, мојот слуга‘ “.+ 36  Тогаш излезе Јеховин ангел+ и уби сто осумдесет и пет илјади луѓе во асирскиот логор.+ А кога луѓето станаа рано изутрината, насекаде околу нив имаше само мртовци.+ 37  Потоа Сенахирим,+ асирскиот цар, стана и си отиде. И откако се врати,+ остана во Ниневија.+ 38  Еден ден, додека се клањаше во храмот на Нисрок,+ својот бог,+ Адрамелех и Сарацер, негови синови, го убија со меч+ и избегаа во араратската земја.+ А Есар-Адон,+ неговиот син, почна да царува наместо него.

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Ца 18:17.
Буквално: „Ќе ставам дух во него“.
Или: „ги опустошија како херем“.
Херувими се ангели на висока положба.
Или: „терасите; терасовидните ниви“.