Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 35:1-10

35  Ќе се радуваат пустината и безводниот крај,+ ќе се весели пустелијата и ќе процвета како шафран.+  Ќе цути+  и ќе се весели, ќе извикува од веселба и од радост.+ Ќе ѝ бидат дадени славата на Ливан+ и убавината на Кармил+ и Сарон.+ Луѓето ќе ја видат Јеховината слава,+ убавината на нашиот Бог.+  Зајакнете ги ослабените раце, зајакнете ги колената што се тресат!+  Речете им на оние што носат грижи во срцето:+ „Бидете јаки,+ не плашете се!+ Еве, вашиот Бог ќе дојде со одмазда,+ Бог ќе изврши наплата.+ Тој ќе дојде и ќе ве спаси“.+  Тогаш ќе им се отворат очите на слепите+ и ќе им се отнат ушите на глувите.+  Тогаш сакатиот ќе скока како елен,+ а јазикот на немиот радосно ќе извикува.+ Зашто, во пустината ќе бликнат води и во исушената земја — потоци.  Изгорената земја ќе се претвори во езеро, а жедната почва — во водни извори.+ Во живеалиштето на шакалите,+ во нивното почивалиште, ќе има зелена трева, трска и папирус.+  Таму ќе има друм,+ пат, ќе се вика Пат на светоста.+ По него нема да оди ниту еден нечист,+ туку само оние што се достојни да одат по него, а глупавите нема да талкаат по него.  Таму ќе нема лавови, на него нема да доаѓаат грабливи ѕверки.+ Ниту една нема да биде таму,+ туку по него ќе одат откупените.+ 10  Ќе се вратат оние што ги откупил Јехова+ и ќе дојдат на Сион извикувајќи радосно,+ и вечна радост ќе има над нивните глави.+ Ќе најдат веселба и радост, а тагата и воздивнувањето ќе побегнат од нив.+

Фусноти