Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 34:1-17

34  Пристапете, народи, за да чуете!+ Слушнете, народи!+ Нека чуе земјата и сѐ што е на неа,+ земната почва*+ и сѐ што живее на неа!+  Зашто, Јехова се разгневи на сите народи,+ се разјари на сета нивна војска.+ Ќе ги затре,* ќе ги предаде на колеж.+  Нивните погубени ќе бидат расфрлани, од нивните мртви тела ќе се крева смрдеа,+ планините ќе се растопуваат од нивната крв.+  Ќе се распадне сета небесна војска.+ Небесата ќе се свиткаат+ како свиток, а целата нивна војска ќе испопаѓа како што отпаѓаат сувите лисја од лозата и како што паѓаат исушените смокви+ од стеблото.  „Зашто, мојот меч+ ќе се натопи со крв на небесата. Гледај, ќе се спушти врз Едом,+ врз народот кој, според правдата, го одредив за истребување.*+  Јехова има меч кој ќе биде целиот со крв+ и мрсен од лој, со крв од јагниња и јариња, со лој+ од овнешки бубрези. Зашто, Јехова подготвува жртва во Восор, голем колеж во едомската земја.+  Дивите бикови+ ќе испопаѓаат со нив и јунците со силните бикови.+ Нивната земја ќе се натопи со крв, нивниот прав ќе биде мрсен од лој.“+  Зашто, Јехова има ден на одмазда,+ година на отплата за неправдата што му е нанесена на Сион.+  Потоците на Восор ќе се претворат во смола, неговиот прав во сулфур, а неговата земја ќе биде како запалена смола.+ 10  Ни дење ни ноќе нема да се гаси, довека ќе се крева чад од неговото пепелиште.+ Од поколение во поколение ќе остане запален,+ никогаш повеќе никој нема да поминува низ него.+ 11  Пеликаните и бодликавите прасиња ќе го заземат, бувовите и гавраните ќе живеат во него.+ И тој ќе ги растегне над него мерното јаже+ на празнината и висулката на пустошот. 12  Ќе нема ниту еден негов достоинственик за да биде поставен за цар, зашто ќе исчезнат сите негови кнезови.+ 13  Во неговите утврдени дворци ќе никнат трње, во неговите тврдини — коприви и трнлив плевел.+ Тој ќе стане дувло на шакали,+ легло на ноеви.+ 14  Животните што живеат во безводен крај ќе се среќаваат со животни што завиваат, а демони со јарешки лик*+ ќе се довикуваат еден со друг. Ноќните птици* ќе се одмораат таму и ќе наоѓаат место за одмор.+ 15  Стреловитата змија ќе се гнезди таму и ќе полага јајца, ќе лежи на нив и ќе ги собира под својата сенка. Таму ќе се собираат јастреби,+ секој со својата женка. 16  Барајте во Јеховината книга+ и читајте на глас — ниту една не изостана,+ ниту една не остана без свој пар, зашто устата на Јехова заповеда+ така, и неговиот дух ги собра.+ 17  Тој фрли ждрепка за нив, неговата рака им го одреди тоа место со мерно јаже.+ Тие ќе го поседуваат довека, ќе живеат во него од поколение во поколение.

Фусноти

Буквално: „плодното тло“.
Или: „Ќе ги затре како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.
Или: „за херем“.
Види ја фуснотата за Иса 13:21.
Или: „ноќни ластовици“.