Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 3:1-26

3  Гледај, Господарот,+ Јехова над војските, им ја одзема на Ерусалим+ и на Јуда секоја потпора, сите резерви од леб и сите резерви од вода,+  силниот човек и воинот, судијата и пророкот,+ гаталецот и старецот,+  педесетникот+ и угледниот човек, советникот и опитниот маѓепсник, како и вештиот гаталец.+  За кнезови ќе им поставам деца, самоволен владетел ќе владее над нив.+  Луѓето ќе постапуваат сурово еден со друг, секој со својот ближен.+ Детето ќе беснее против старецот,+ неугледниот човек против угледниот.+  Секој ќе се фаќа за својот брат во куќата на својот татко, велејќи: „Ти имаш наметка, ти треба да владееш со цврста рака+ над нас, под твоја власт треба да биде овој куп урнатини“.  А тој ќе подвикне во тој ден и ќе рече: „Нејќам јас да бидам тој што преврзува рани, а во мојата куќа нема ни леб ни наметка! Не поставувајте ме мене да владеам над народот!“  Ерусалим се тетерави, Јуда паѓа,+ бидејќи нивниот јазик и нивните дела му се противат на Јехова,+ бунтовни се пред очите на Славниот.+  Изразот на нивното лице сведочи против нив,+ зборуваат за својот грев, кој е како гревот содомски.+ Не го кријат. Тешко на нивната душа! Зашто, самите си навлекуваат неволја.+ 10  Речете дека ќе му биде добро на праведникот,+ зашто ќе јаде од плодот на своите дела.+ 11  Тешко на злиот! Неволја ќе го снајде, зашто ќе му биде вратено според делата на неговите раце.+ 12  Управителите постапуваат безобѕирно со мојот народ, жени владеат со него.+ О народе мој, оние што те водат те заведуваат,+ те одведуваат од патот по кој одиш.+ 13  Јехова станува на суд, станува за да им изрече пресуда на народите.+ 14  Јехова ќе излезе на суд со старешините на својот народ и со неговите кнезови.+ „Вие го изгоревте лозјето. Во вашите куќи е она што им е грабнато на страдалниците.+ 15  Зошто го угнетувате мојот народ и им го сотирате лицето на страдалниците?“+ — вели севишниот Господар, Јехова над војските. 16  Јехова уште вели: „Поради тоа што се возгордеаја сионските ќерки, кои одат со испружен врат и намигнуваат со очите, чекорат со ситни чекори и ѕвечкаат со накитот на нозете,+ 17  Јехова ќе го покрие со красти+ темето на ќерките сионски, Јехова ќе им го оголи челото.+ 18  Во тој ден Јехова ќе им ја одземе убавината: веришките на нозете, лентите што ги носат околу главата и месечинките,+ 19  обетките, белегзиите и превезите,+ 20  покривалата за глава, синџирчињата за околу глуждови и појасите,+ шишенцата со мириси* и украсните школки што се носат како амајлии,+ 21  прстените за на рака и прстените за на нос,+ 22  свечените кошули и горните туники, наметките и торбичките, 23  рачните огледала+ и долните облеки, турбаните+ и долгите превези.+ 24  Наместо мирислив балсам+ ќе има застојана смрдеа, наместо појас ќе се врзува коноп, наместо прекрасно исчешлана коса ќе има ќелава глава,+ наместо раскошна облека ќе се препашува козина,+ наместо убавина ќе има жиг.+ 25  Ќе паднат од меч твоите луѓе, ќе паднат во војна твоите јунаци.+ 26  Ќе тагува сионската порта+ и ќе жали, празен ќе остане градот. На земја ќе седне“.+

Фусноти

Буквално: „куќите/домовите на душата“.