Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 29:1-24

29  „Тешко на Ариел*+ — Ариеле, граду каде што Давид имаше логор!+ Додадете година врз година, нека се изредат празниците!+  Ќе го притиснам+ Ариел и ќе настане тага и лелек,+ а тој ќе ми биде како огниште на Божјиот жртвеник.+  Ќе те опколам со својот логор, ќе те опкружам со ограда од колци, ќе подигнам справи за опсадување спроти тебе.+  Толку ниско ќе паднеш што ќе зборуваш од земјата, твојот збор ќе биде тивок како да говориш од правот.+ Твојот глас ќе се крева од земјата како глас на оние што повикуваат духови, од правот ќе го шепотиш+ својот збор.  Мноштвото од оние што се за тебе странци, ќе бидат како ситен прав,+ а мноштвото насилници+ — како плева што ја разнесува ветрот.+ И тоа ќе биде ненадејно, во еден миг.+  Јехова над војските ќе погледне во тебе и ќе те избави со гром и со потрес и со голем татнеж, со виор и со бура, и со пламен од оган што голта.“+  Како во сон, како во ноќно видение, така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против Ариел,+ на сите што војуваат против него, и на опсадните кули околу него и на оние што го притискаат.+  Да, ќе биде како кога гладниот сонува дека јаде, па се разбудува, а желудникот* и понатаму му е празен,+ и како кога жедниот сонува дека пие, па се разбудува уморен, а грлото* и понатаму му е суво. Така ќе му биде на мноштвото од сите народи што војуваат против гората Сион.+  Застанете и чудете се!+ Затворете ги очите и бидете слепи!+ Пијани се,+ но не од вино. Се тетерават, но не од опоен пијалак.+ 10  Зашто, Јехова излеа на вас дух на длабок сон+ и ви ги затвори очите — пророците,+ и ви ги покри главите+ — јасновидците.+ 11  Видението за сето тоа вам ви е како зборовите во запечатена книга,+ која му ја даваат на оној што знае да чита и му велат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој одговара: „Не можам, запечатена е“.+ 12  И книгата ќе му ја дадат на некој што не знае да чита и ќе му речат: „Те молиме, прочитај го ова наглас!“ А тој ќе одговори: „Не знам да читам“. 13  Затоа, вака вели Јехова: „Овој народ ми се приближува со устата и ме слави само со усните,+ а срцето му е далеку од мене,+ и стравот од мене, кој го чувствува, е само научена човечка заповед.+ 14  Затоа, еве, пак ќе постапувам чудесно со овој народ,+ чудесно и чудно, и ќе пропадне мудроста на неговите мудреци и ќе се скрие разборитоста на неговите разборити луѓе“.+ 15  Тешко на оние што длабоко ги кријат своите намери од Јехова+ и ги прават своите дела во мрак+, велејќи: „Кој нѐ гледа и кој нѐ познава?“+ 16  Колку сте изопачени! Зарем на грнчарот се гледа како и на глината?+ Зарем ќе рече делото за својот творец: „Тој не ме направи“?+ Зарем направеното ќе му рече на оној што го направил: „Тој ништо не разбира“?+ 17  Нема ли наскоро Ливан да се претвори во овоштарник,+ а овоштарникот да биде како шума?+ 18  Во тој ден глувите ќе ги чујат зборовите на книгата,+ а од мракот и од темнината ќе прогледаат очите на слепите.+ 19  Кротките+ уште повеќе ќе му се радуваат на Јехова, сиромашните ќе се веселат поради Светецот Израелов,+ 20  зашто ќе го нема повеќе насилникот,+ ќе исчезне фалбаџијата,+ ќе бидат истребени сите што само гледаат како да направат зло,+ 21  кои го обвинуваат човекот за грев поради неговите зборови+ и му поставуваат мамка на оној што изрекува осуда на портата+ и го соборуваат праведникот со празни докази.+ 22  Затоа, вака му вели Јехова, кој го откупи Авраам, на Јакововиот дом:+ „Јаков нема повеќе да се срами и неговото лице нема повеќе да биде бледо,+ 23  зашто, кога ќе ги види сред себе своите деца, дело на моите раце,+ тогаш тие ќе го светат моето име,+ ќе го светат Светецот Јаковов,+ ќе имаат страхопочит кон Богот на Израел.+ 24  Тие што се во заблуда со својот дух, ќе стекнат разборитост, а оние што мрморат, ќе бидат поучени“.*+

Фусноти

„Ариел“ веројатно значи „огниште на Божјиот жртвеник“, а се однесува на Ерусалим.
Буквално: „душата“.
Буквално: „душата“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.