Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 28:1-29

28  Тешко на возвишената круна на пијаниците на Ефрем+ и на овенатиот цвет на неговата славна убавина, која е над плодната долина на оние што ги опило виното!  Еве, Јехова има некој кој е јак и силен.+ Како бура со громови и со град,+ како уништувачка бура, како бура со громови и со силни поплавни води,+ тој ќе ја фрли на земја со голема сила.  Возвишените круни на пијаниците на Ефрем ќе бидат изгазени.+  А овенатиот цвет+ на неговата славна убавина, која е над плодната долина, ќе биде како рана смоква+ пред лето, која човек ја здогледува и ја голтнува штом ќе му се најде в рака.  Во тој ден Јехова над војските ќе биде убава круна+ и прекрасен венец+ за остатокот+ од својот народ,  и дух на правда за оној што седи на судиското место,+ и сила за оние што ги одбиваат нападите на портата.+  А и овие — застранија од виното и скитаат од опоен пијалак. Свештеник и пророк+ застранија од опоен пијалак, збунети се од вино, талкаат+ од опоен пијалак, застраниле во своите виденија, се тетерават при одлучувањето.  Сите трпези се полни со гадни блујавици+ — нема чисто место.  „Кого учи тој на мудрост,+ кому му ја толкува објавата?+ Зарем на оние кои штотуку се одвикнале од млеко, на оние кои штотуку се одбиени од гради?+ 10  Зашто, тоа е ‚заповед врз заповед, заповед врз заповед, мерило врз мерило, мерило врз мерило, овде малку, онде малку‘.“*+ 11  Затоа тој ќе му зборува на овој народ+ со усни на човек што тепка+ и со поинаков јазик,+ 12  на оние на кои им беше рекол: „Ова е почивалишето. Дајте му починка на уморниот! Ова е одморалиштето“, но не сакаа да слушаат.+ 13  За нив Јеховината реч ќе биде „заповед врз заповед, заповед врз заповед, мерило врз мерило, мерило врз мерило,+ овде малку, онде малку“, за да одат и да паднат на грб, да се разбијат, да паднат во стапица и да се фатат.+ 14  Затоа, чујте ја Јеховината реч, фалбаџии, вие што владеете+ со овој народ во Ерусалим. 15  Вие велите: „Склучивме сојуз со Смртта+ и заедно со Гробот* предвидовме+ што ќе биде, па ако помине поројот што поплавува сѐ, нас нема да нѐ зафати, бидејќи лагата си ја направивме прибежиште,+ а измамата — скривалиште“.+ 16  Затоа вака вели Севишниот Господар Јехова: „Еве, за темел поставувам на Сион+ камен,+ камен испробан,+ скапоцен аголен камен+ со сигурен темел.+ Ниту еден кој верува нема да се исплаши.+ 17  И ќе ја поставам правдата за мерило+ и праведноста+ за мерна справа.* Град+ ќе го однесе прибежиштето од лага+ и води ќе го однесат скривалиштето.+ 18  Ќе пропадне вашиот сојуз со Смртта,+ нема да се оствари она што заедно со Гробот* го предвидовте.+ Кога ќе помине поројот што поплавува сѐ,+ и вас ќе ве сотре.+ 19  Кога и да помине, ќе ве однесе,+ зашто ќе поминува секое утро, дење и ноќе. И од самата вест за тоа ќе треперат+ другите луѓе зашто ќе го разберат она што го чуле“. 20  Леглото е прекратко за човек да се испружи, покривката е претесна за човек да се покрие. 21  А Јехова ќе се крене како на планината Ферасим,+ ќе се разгневи како во рамницата кај Гаваон,+ за да го изврши своето дело — своето необично дело, и да ја изврши својата работа — својата чудесна работа.+ 22  Затоа немојте да се исмејувате,+ за вашите окови да не станат појаки, зашто чув од Севишниот+ Господар, Јехова над војските, дека е одредено истребување за целата земја.+ 23  Чујте и послушајте го мојот глас, обрнете внимание и послушајте ја мојата реч! 24  Ора ли орачот цел ден+ за да посее семе, и цел ден ли ја бразди и ја браносува својата земја?+ 25  Кога ќе ѝ ја израмни површината, не сее ли тогаш црнушка* и не фрла ли ким?+ Не сее ли пченица, просо+ и јачмен на местото каде што треба,+ не сее ли крупник*+ по рабовите на својата нива?+ 26  А Бог го укорува+ според правдата. Неговиот Бог го поучува.+ 27  Зашто, црнушката не се врши со вршачка,+ преку кимот не се преминува со колско тркало, туку црнушката се чука со стап,+ а кимот со прат. 28  Се дроби ли житото? Не го газат+ довека.+ Валјаците за вршење ги пуштаат со коњи по него, но не го дробат.+ 29  И тоа доаѓа од Јехова над војските+ — неговата намера е чудесна, неговата работа е многу плодоносна.+

Фусноти

Станува збор за ономатопеја која е слична на зборовите на пророкот: сав ла сав, сав ла сав, кав ла кав, кав ла кав, зеер шам, зеер шам.
Буквално: „Шеолот“.
Или: „либела; справа за определување на хоризонталната положба на предметите“.
Буквално: „Шеолот“.
Или: „црн ким“.
Види ја фуснотата за 2Мо 9:32.