Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 25:1-12

25  О Јехова, ти си мој Бог!+ Те величам,+ го фалам твоето име,+ зашто направи чудесни дела,+ ги спроведе дамнешните намери+ верно+ и доверливо.+  Зашто, го претвори градот во куп камења, утврдениот град го претвори во урнатини. Утврдените дворци на туѓинците повеќе не се град, довека нема да бидат обновени.+  Затоа ќе те слави силен народ, градот на свирепите народи ќе се плаши од тебе.+  Зашто, ти си му прибежиште на бедниот, прибежиште на сиромавиот во неговата неволја,+ скривалиште од бура,* засолниште+ од горештина, кога насилникот ќе нападне како бура што удира в ѕид.  Ти ја стивнуваш вревата на туѓинците како горештина во безводна земја, како горештина со сенка од облак.+ Стивнува песната на насилниците.+  Јехова над војските ќе им подготви на сите народи+ на оваа планина+ гозба од избрани јадења,+ гозба од извонредно вино, од избрани јадења полни со срцевина,+ од стасано вино,+ процедено.+  Тој ќе ја уништи на оваа планина прекривката што ги прекрива сите народи,+ покривалото што ги покрива сите народи.  Ќе ја уништи* смртта засекогаш+ и Севишниот Господар Јехова ќе ги избрише солзите од секое лице.+ Ќе го отстрани срамот од својот народ по целата земја,+ зашто така рече Јехова.  Во тој ден ќе речат: „Гледај, тоа е нашиот Бог!+ На него се надеваме,+ и тој ќе нѐ спаси.+ Тоа е Јехова!+ На него се надеваме. Да се радуваме и да се веселиме за спасението што доаѓа од него!“+ 10  Зашто, Јеховината рака ќе почива на оваа планина,+ а Моав ќе биде згазен+ на своето место како што се гази слама на буниште.+ 11  Бог ќе замавне со рацете на него, како што замавнува пливачот кога плива, и ќе ја понижи неговата надменост+ со измамливите движења на своите раце. 12  Тој ќе го собори утврдениот град со неговите безбедни ѕидишта. Ќе го понижи тој град, ќе го фрли на земја, во правот.+

Фусноти

Или: „ти ги избавуваш од зли луѓе“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со 2Со 3:2.
Буквално: „проголта“.