Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 24:1-23

24  Еве, Јехова ја празни земјата и ја пустоши,+ ѝ го извртува лицето+ и ги распрснува нејзините жители.+  Истото ќе му се случи и на народот и на свештеникот, исто и на слугата и на неговиот господар, исто на слугинката и на нејзината господарка, исто и на купувачот и на продавачот, исто на заемодавецот и на заемопримачот, исто на оној што дава со камата и на оној што ја плаќа каматата.+  Земјата ќе се испразни и ќе биде опљачкана,+ зашто така рече Јехова.+  Земјата тагува+ и венее. Плодната земја се суши. Пропаѓаат истакнатите луѓе од народот.*+  Земјата се загади под своите жители,+ зашто ги заобиколија законите,+ ги изменија уредбите,+ го раскинаа трајниот сојуз.+  Затоа проклетство ја проголтува земјата+ и нејзините жители носат вина. Затоа има сѐ помалку жители во земјата и останаа многу малку луѓе.+  Тагува младото вино, венее лозата,+ воздивнуваат оние што имаа весело срце.+  Престана веселбата со дајрињата, замре вревата на оние што воскликнуваат весело, престана веселбата покрај харфата.+  Повеќе нема песна додека се пие вино, им згорчи опојниот пијалак на оние што го пијат. 10  Градот е напуштен и разурнат,+ влезот во секоја куќа е затворен. 11  Се слуша викотница по улиците зашто нема вино. Исчезна секоја радост, ја снема веселбата од земјата.+ 12  Во градот остана грозна глетка, портата е урната и искршена.+ 13  Зашто, така ќе се случи среде земјата, меѓу народите, како кога ќе се истресе маслинката,+ како кога се дособира грозје по бербата.+ 14  Тие ќе го кренат гласот, ќе извикуваат радосно. Поради возвишеноста на Јехова, тие ќе воскликнуваат откај морето.+ 15  Затоа, во крајот каде што е светлината*+ ќе го слават Јехова,+ на морските острови ќе го слават името на Јехова,+ Богот Израелов. 16  Од крајот на земјата слушаме песни:+ „Убавина за праведниот!“+ Но јас велам: „Ќе ослабам!+ Ќе ослабам! Тешко мене! Предавниците постапуваат предавнички.+ Предавниците предавнички вршат предавство“.+ 17  Страв, јама и стапица те чекаат тебе, жителу на земјата!+ 18  Оној што ќе избега од звукот на стравотијата, ќе падне в јама, а оној што ќе се извлече од јамата, ќе се фати во стапица.+ Зашто, ќе се отворат браните на висините+ и ќе се затресат темелите на земјата.+ 19  Сета земја се распукна, сета земја се залула, сета земја се разниша.+ 20  Сета земја се тетерави како пијаница, се лула како колиба за набљудување.+ Нејзиниот престап ја притиска,+ па ќе падне и повеќе нема да стане.+ 21  Во тој ден Јехова ќе ѝ пресуди на војската горе на висините и на земните цареви на земјата.+ 22  Собраните ќе бидат како што се собираат заробеници во јама+ и ќе бидат затворени во зандана,+ а по многу денови ќе бидат казнети.+ 23  Полната месечина се засрами и жешкото сонце се засрами,+ зашто Јехова над војските се зацари+ во слава на гората Сион+ и во Ерусалим и пред своите старци.+

Фусноти

Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).
По сѐ изгледа дека изразот се однесува на истокот, односно на источниот хоризонт.