Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 23:1-18

23  Објава за Тир:+ Плачете горко, тарсиски бродови,+ зашто тој е опустошен и повеќе не е пристаниште, повеќе не е место во кое се влегува.+ Тоа им беше кажано во земјата Китим.+  Замолкнете, жители на приморјето!* Трговците од Сидон,+ кои го преминуваат морето — тие те наполнија со богатство.  Многу води помина сихорското+ жито, нилската жетва, тирскиот приход. Тоа беше добивка за народите.+  Срами се, Сидоне, тврдино морска!+ Зашто, морето вели: „Не ме фаќаат родилни болки и не раѓам, не одгледувам момчиња и не подигам девојки“.+  Како од веста за Египет+ така и од веста за Тир ќе ги фати луѓето тешка болка.+  Преминете во Тарсис! Плачете горко, жители на приморјето!  Ова ли е вашиот град што беше весел од дамнина, од своето основање? Нозете го водеа далеку во туѓина за да се насели таму.  Кој ја донесе таа одлука+ против Тир, кој делеше круни, чии трговци беа кнезови, чии продавачи беа угледни луѓе на земјата?+  Јехова над војските ја донесе оваа одлука+ за да ја оскверни сета горделива убавина,+ да покаже презир кон сите угледни луѓе на земјата.+ 10  Излеј се како Нил низ својата земја, ќерко тарсиска!+ Нема повеќе бродоградилишта.+ 11  Ја кренал раката накај морето, ги растресол царствата.+ Јехова даде заповед против Феникија, да се уништат нејзините тврдини.+ 12  И вели: „Никогаш повеќе нема да се радуваш,+ угнетена девице, ќерко сидонска!+ Стани, премини во Китим!+ Но, и таму ќе немаш мир“. 13  Ете ја халдејската земја!+ Тоа е народот — Асирија+ не беше тоа — кој ќе го предаде на дивите пустински животни.+ Подигнаа опсадни кули,+ ги соголија неговите утврдени дворци,+ од него останаа само урнатини што се распаѓаат.+ 14  Плачете горко, тарсиски бродови, зашто е опустошена вашата тврдина!+ 15  Во тој ден Тир ќе биде заборавен седумдесет години,+ колку што е векот на еден цар. А по седумдесетте години, на Тир ќе му биде како на блудницата од песната: 16  „Земи ја харфата и оди по градот, заборавена блуднице!+ Свири на жиците најубаво што можеш, и нека има многу твои песни за да се сетат на тебе!“ 17  По седумдесет години, Јехова ќе го погледне Тир, и тој пак ќе ја прима својата плата+ и ќе врши блуд по лицето на земјата со сите царства на светот.+ 18  Неговата добивка и неговата плата+ ќе станат свети за Јехова. Нема да се трупаат, ниту да се чуваат, зашто неговата плата ќе биде за оние што престојуваат пред Јехова,+ за да имаат храна до ситост и убава облека.+

Фусноти

Или: „островите“.