Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Исаија 22:1-25

22  Објава за долината на видението:+ Што ти е? Зошто излегол на покривите+ сиот твој народ?  Беше полн со метеж, бучен граду, весел граду.+ Твоите погубени не се погубени со меч, ниту загинале во бој.+  Сите твои самоволни владетели+ побегнаа одеднаш.+ Одведени се во заробеништво, а непријателот не затегнал ниту лак. Сите што беа најдени во тебе, одведени се заедно во заробеништво,+ а бегаа далеку.  Затоа реков: „Немојте да ме гледате, ќе заплачам горко!+ Немојте да ме тешите што е опустошена ќерката на мојот народ!+  Зашто, тоа е ден на збунетост,+ газење+ и метеж,+ ден на Севишниот Господар, Јехова над војските, во долината на видението. Дојде оној што го урива ѕидот,+ се крева викотница* накај планината.+  Елам+ го зеде тулот на бојната кола која ја влечат коњи. Кир+ го откри штитот.  Твоите најубави рамници ќе се наполнат со бојни коли, коњите ќе застанат пред портата  и ќе биде отстранета заштитата на Јуда. А ти во тој ден ќе го впериш погледот кон оружарницата+ на шумската+ куќа.  И ќе ги видите пукнатините во ѕидот на Давидовиот град, зашто ќе ги има многу.+ Ќе ја собирате водата од долното езерце.+ 10  Ќе ги пребројувате ерусалимските куќи. Ќе ги уривате куќите за да ги зацврстите ѕидиштата.+ 11  Помеѓу двата ѕида ќе направите собиралиште за вода од старото езерце.+ Но погледот нема да го вперите кон Великиот Бог којшто го направи тоа, нема да го видите оној што одамна го смисли тоа. 12  Во тој ден, Севишниот+ Господар, Јехова над војските, ќе ве повика да плачете+ и да тагувате, да ги избричите главите и да препашете козина.+ 13  Но еве: се радуваат и се веселат, убиваат говеда и колат овци, јадат месо и пијат вино,+ велејќи: ‚Да јадеме и да пиеме, зашто утре ќе умреме!‘ “+ 14  А Јехова над војските го откри ова за да го чујам со свои уши:+ „ ,Овој престап нема да ви биде очистен+ додека не умрете‘,+ вели Севишниот Господар, Јехова над војските“. 15  Вака вели Севишниот Господар, Јехова над војските: „Ајде оди кај оној дворски управител,+ Шевна,+ и речи му: 16  ‚Што имаш и кого имаш тука, па си длабиш тука гробница?‘+ Тој си ја длаби гробницата на височина, во карпа си засечува место каде што ќе престојува. 17  ‚Гледај, човеку, јас, Јехова, ќе те фрлам со силен замав и ќе те зграпчам. 18  Ќе те замотам цврсто и ќе те фрлам како топка во широка земја. Таму ќе умреш и таму ќе бидат твоите славни коли на срам на домот на твојот господар. 19  Ќе те сменам од твоето место, ќе бидеш тргнат од твојата служба.+ 20  Во тој ден ќе го повикам својот слуга+ — Елијаким,+ синот на Хелкија.+ 21  Ќе му ја облечам твојата облека, ќе го препашам со твојот појас+ и ќе му ја дадам в раце твојата власт, и ќе им биде татко на ерусалимските жители и на домот на Јуда.+ 22  Ќе му го ставам на рамо клучот+ на Давидовиот дом, па кога тој ќе отвори, никој нема да затвори, а кога тој ќе затвори, никој нема да отвори.+ 23  Ќе го забијам како клин,+ за да стои трајно на своето место, и ќе стане престол на славата за домот на својот татко.+ 24  На него ќе ја закачуваат сета слава на домот на неговиот татко, потомството и фиданките, сите мали садови, разни чинии и сите разни ќупови. 25  ‚Во тој ден‘, вели Јехова над војските, ,ќе биде отстранет клинот+ што е трајно забиен на своето место, ќе биде исечен и ќе падне, и ќе се уништи товарот што висеше на него, зашто така рече Јехова‘ “.+

Фусноти

Изразот „викотница“ може да се однесува на повик за помош или на воен вик.