Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 21:1-17

21  Објава против морската пустина:+ „Како што надоаѓаат виори+ од југ, така доаѓа неволја од пустината, од страшната земја“.+  Објавено ми е страшно видение:+ „Предавникот врши предавство, а пустошителот пустоши.+ Напред, Еламе! Почни со опсада, Медијо!+ Ќе направам никој повеќе да не воздивнува поради неа“.+  Затоа тешки болки добив во колковите.+ Ме фатија грчеви како родилка.+ Толку се збунив што не слушам; толку се вознемирив што не гледам.  Моето срце не наоѓа мир, ме обзема трепет. Од примракот што го сакав ми минуваат морници.+  Нека се постави трпеза, на трпезата нека распоредат места за седење, нека се јаде и пие!+ Станете, кнезови,+ помазајте го штитот!+  Зашто, вака ми рече Јехова: „Оди, постави стражар за да ти јави што гледа!“+  И тој виде бојна кола со два впрегнати коња, бојна кола со магариња и бојна кола со камили. И внимаваше добро, со големо внимание.  И се огласи како лав:+ „На стражарската кула, о Јехова, непрестајно стојам дење, на своето стражарско место стојам по цела ноќ.+  Ене, доаѓаат луѓе на бојна кола со два впрегнати коња!“+ Потоа извика: „Падна! Падна Вавилон!+ Бог ги разби од земја сите режани ликови на неговите богови!“+ 10  Народе мој, кој си како овршено жито, чедо на моето гумно!+ Тоа што го чув од Јехова над војските, Богот на Израел, тоа ви го објавив. 11  Објава против Дума.* Некој ми вика од Сеир:+ „Стражару, кое доба на ноќта е? Стражару, кое доба на ноќта е?“+ 12  Стражарот одговара: „Ќе дојде утро, а потоа повторно ноќ. Ако сакате да прашате, прашајте! Дојдете пак!“ 13  Објава против пустинската рамница: Во шумата во пустинската рамница ќе ноќевате вие, каравани на Деданците.+ 14  Изнесете вода пред жедниот! Жители на земјата Тема,+ излезете со леб пред бегалецот! 15  Зашто, тие бегаат од мечевите, од извлечениот меч, од оптегнатиот лак, од жестоката војна. 16  Зашто, вака ми рече Јехова: „Уште најмногу една година, колку што трае наемничката година,+ ќе исчезне сета слава на Кидар.+ 17  А од бројните стрелци, храбри синови на Кидар, ќе има малку такви што ќе преостанат,+ зашто така рече Јехова, Богот на Израел“.+

Фусноти

„Дума“ (што значи „тишина“) е пророчко име за Едом.