Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 2:1-22

2  Ова го виде во видение Исаија, синот на Амос, во врска со Јуда и Ерусалим:+  Во последните денови,+ гората на Јеховиниот дом+ ќе стои цврсто над планинските врвови+ и ќе се возвишува над ридовите,+ и сите народи ќе се слеваат кон неа.+  И многу народи ќе одат, велејќи: „Дојдете!+ Да појдеме на Јеховината гора, во домот на Богот Јаковов! Тој ќе нѐ поучува за своите патишта, и ќе одиме по неговите патеки“.+ Зашто, од Сион ќе излезе закон, и од Ерусалим Јеховината реч.+  Тој ќе суди меѓу народите+ и ќе создаде складност меѓу многу народи.+ Тие ќе ги прековаат своите мечеви во плугови и своите копја во српови.+ Народ против народ повеќе нема да крева меч и повеќе нема да учат да војуваат.+  Ајде, доме Јаковов, да одиме во Јеховината светлина!+  Ти си го оставил својот народ, домот Јаковов,+ бидејќи е полн со она што доаѓа од Исток,+ и се занимаваат со магија+ како Филистејците и има многу деца на туѓинци меѓу нив.+  Земјата им е полна со сребро и злато и нема крај на нивното богатство.+ Земјата им е полна со коњи и им нема број на нивните коли.+  Земјата им е полна со безвредни богови.+ Му се клањаат на делото на човечки раце, на она што го направиле човечки прсти.+  Се понизува земниот човек, се понижува човекот. Тоа, едноставно, не можеш да им го простиш.+ 10  Вовлечи се во карпа и скриј се во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност!+ 11  Ќе се понизат надмените очи на земниот човек, ќе биде понижена човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+ 12  Зашто, тоа е денот на Јехова над војските.+ Доаѓа против сите што се возвишуваат себеси и против сите горделиви, против сите што се високо и против сите што се ниско,+ 13  против сите горделиви и високи ливански кедри+ и против сите големи васански+ стебла, 14  против сите високи планини и против сите издигнати ридови,+ 15  против сите високи кули и против сите утврдени ѕидови,+ 16  против сите тарсиски бродови+ и против сите скапоцени кораби. 17  Понижена ќе биде надменоста на земниот човек, ќе се понизи човечката горделивост.+ Само Јехова ќе биде возвишен во тој ден.+ 18  Безвредните богови сосема ќе исчезнат.+ 19  Луѓето ќе влегуваат во пештерите, во карпите и во дупките во земјата поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него.+ 20  Во тој ден земниот човек ќе им ги фрли на кртиците и на лилјаците своите безвредни сребрени богови и ништожни златни богови, што му ги имаат направено за да им се клања,+ 21  и ќе влегува во шуплините од карпите и во процепите од стрмните карпи, поради стравот од Јехова и од неговата величествена возвишеност,*+ кога тој ќе стане и кога ќе затрепери земјата пред него. 22  Затоа, престанете да се надевате на земниот човек, чиј здив е во неговите носници!+ Зашто, што е тој, па некој да држи до него?+

Фусноти

Или: „пред стравот од Господарот и пред неговата славна моќ“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со 2Со 1:9.