Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 16:1-14

16  Испратете му овен на владетелот на земјата,+ од Села, преку пустелијата, до гората на сионската ќерка!+  Како птица во бегство, избркана од своето гнездо,+ ќе бидат моавските ќерки на плитките места на Арнон.+  „Дајте совет, спроведете ја одлуката!+ Рашири ја својата сенка како ноќ среде пладне!+ Скриј ги расеаните,+ не предавај го бегалецот!+  Нека живеат кај тебе, Моаве, оние што ги расеав!+ Биди им закрила од пљачкашот!+ Зашто, му дојде крај на угнетувачот, престана пустошењето, збришани се од земјата оние што ги газеа другите.+  Со милост* ќе се утврди престолот.+ Во вистинољубивост царот ќе седи на него во Давидовиот+ шатор, ќе суди и ќе бара правда и спремно ќе го прави она што е исправно“.+  Чувме за горделивоста на Моав, дека е многу горделив,+ за неговата надменост, за неговата горделивост и за неговиот бес+ — но неговите празни зборови нема да се остварат.+  Затоа, Моав горко ќе плаче+ поради својата неволја, сите во Моав горко ќе плачат. Сосем скршени ќе тажат по сувото грозје од Кир-Аресет,+  зашто се исушија терасовидните ниви на Есевон.+ Господарите на народите ѝ ги искршија светлоцрвените ластари на лозата од Сивма,+ кои достигнуваа до Јазер+ и се ширеа по пустината. Неговите гранки беа оставени самите бујно да растат, и се протегаа дури до морето.  Затоа ќе плачам над сивманската лоза+ со плачот на Јазер. Ќе ве залевам со своите солзи, Есевоне+ и Елеали,+ зашто се чу борбен повик над твојот род и над твојата жетва.+ 10  Исчезнаа од овоштарникот радоста и веселбата, нема радосно подвикнување во лозјата, нема воскликнување.+ Газачот не го гази грозјето во гмечалото.+ Му ставив крај на воскликнувањето.+ 11  Затоа мојата внатрешност трепери над Моав како харфа,+ сѐ што е во мене трепери над Кир-Аресет.+ 12  Се виде дека Моав се изморил на височинката.+ Дојде да се моли во своето светилиште,+ но ништо не можеше да постигне.+ 13  Ова е речта која Јехова ја кажа порано за Моав. 14  А сега Јехова вели вака: „За најмногу три години, колку што траат наемничките години,+ славата+ на Моав ќе биде презрена со секаков вид голем метеж, а оние што ќе преостанат, ќе бидат малобројни и нејаки“.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.