Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 13:1-22

13  Објава против Вавилон,+ која ја виде во видение Исаија, синот на Амос:+  „На голо брдо подигнете собирен знак!+ Викајте им колку што глас ве држи, мавтајте со рака,+ нека влезат низ вратата на достоинствениците!+  Јас им дадов заповед на своите избрани воини.*+ Моите јунаци, кои многу се радуваат, ги повикав да го излеат мојот гнев.+  Слушајте! Џагор на планините, како од многуброен народ.+ Слушајте! Врева од царства, од насобрани народи.+ Јехова над војските ја собира војската за војна.+  Од далечна земја доаѓаат тие,+ од крајот на небесата — Јехова и оружјето на неговата осуда — за да ја разорат целата земја.+  Плачете горко,+ зашто Јеховиниот ден е близу!+ Доаѓа како опустошување од Севишниот.+  Затоа ќе папсаат сите раце, сосема ќе му се растопи срцето на смртниот човек.+  Немир ги обзема луѓето.+ Наеднаш ги фаќаат грчеви и родилни болки, имаат болки како родилка.+ Зачудено гледаат еден во друг, лицата им горат од мака.+  Еве, доаѓа Јеховиниот ден, страшен од јароста и од пламнатиот гнев, за да ја претвори земјата во грозна глетка+ и да ги истреби грешниците од неа.+ 10  Зашто, ниту небесните ѕвезди ниту нивните соѕвездија Кесил*+ нема да сјаат со својата светлина, сонцето ќе потемни при своето излегување, а месечината нема да свети со својата светлина. 11  Ќе го казнам светот*+ за неговата злоба и злите за нивниот престап. Ќе ја сотрам горделивоста на надмените и ќе ја понижам надуеноста на насилниците.+ 12  Смртниот човек ќе биде поредок од чистото злато,+ и земниот човек ќе биде поредок од офирското злато.+ 13  Затоа ќе го потресам небото.+ Земјата ќе се стресе и ќе се помрдне од своето место од бесот на Јехова над војските+ во денот на неговиот пламнат гнев.+ 14  Тогаш, како подгонета газела и како стадо што нема кој да го собере,+ секој ќе се сврти кон својот народ и секој ќе избега во својата земја.+ 15  Секој што ќе биде најден, ќе биде прободен, и секој што ќе биде фатен во тој налет, ќе падне од меч,+ 16  а децата ќе им бидат смачкани пред нивни очи.+ Куќите ќе им бидат ограбени, а нивните жени ќе бидат силувани.+ 17  Еве, ги подигам против нив Медијците,+ на кои среброто не им значи ништо и кои не му се радуваат на златото. 18  Со своите лакови ќе ги разбијат младичите.+ На плодот на утробата нема да му се смилуваат,+ нивното око нема да се сожали на децата. 19  Вавилон, украсот на царствата,+ убавината и гордоста на Халдејците,+ ќе стане како Содом и Гомор кога ги уништи Бог.+ 20  Никогаш повеќе нема да биде населен,+ ќе го нема повеќе во ниту едно идно поколение.+ Арапот таму нема да го распнува својот шатор и овчарите нема да ги водат своите стада таму за да пладнуваат. 21  Таму ќе пладнуваат животни што живеат во безводен крај, бувови+ ќе ги населат куќите на некогашните негови жители. Ноеви ќе живеат таму, демони со јарешки лик* ќе потскокнуваат таму.+ 22  Шакали ќе завиваат во неговите утврдени дворци,+ големи змии ќе има во неговите некогаш раскошни палати. Се приближува неговото време, неговите денови нема да бидат продоложени“.+

Фусноти

Буквално: „на своите посветени“.
Види ја фуснотата за изразот „соѕвездието Кесил“ во Јов 9:9.
Буквално: „плодното тло“.
Изразот се однесува на демони или на животни кои ги потсетувале луѓето на демони.