Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 12:1-6

12  Во тој ден+ ќе речеш: „Ти благодарам, Јехова, зашто, иако се разгневи на мене, твојот гнев се одврати+ и ти ме утеши.+  Гледај, Бог е моето спасение.+ Ќе имам доверба во него и нема да се плашам,+ зашто Јах* Јехова е мојата сила+ и моќ,+ тој ми е спасение“.+  Со радост ќе црпите вода од изворите на спасението.+  И ќе речете во тој ден: „Благодарете му на Јехова!+ Повикувајте го неговото име!+ Објавувајте им ги на народите неговите дела!+ Разгласувајте дека неговото име е возвишено!+  Со песна фалете го Јехова,+ зашто направи ненадминливи дела!+ Тоа се објавува по целата земја.  Воскликнувајте и викајте од радост, о жители на Сион, зашто е голем меѓу вас Светецот Израелов!“+

Фусноти

Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.