Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 10:1-34

10  Тешко на оние што донесуваат неправедни уредби+ и на оние што постојано пишуваат и испишуваат само неволји  за да ги одбијат сиромасите на суд и да им ја грабнат правдата на страдалниците од мојот народ,+ за да ги направат вдовиците свој плен и да ги ограбат дури и децата без татко!+  Што ќе сторите во денот на казната+ и на пропаста, кога ќе дојде оддалеку?+ Кај кого ќе побегнете за да ви помогне,+ каде ќе ја оставите својата слава?+  Не преостанува ништо друго освен човек да се наведне меѓу затворениците, и луѓето да паднат меѓу убиените.+ Поради сето ова, неговиот гнев не се одврати, туку раката му е сѐ уште подигната.+  „Гледај, Асирецот+ е стапот на мојот гнев,+ палката во неговата рака ја извршува мојата осуда!  Ќе го испратам против отпаднички+ народ, ќе му заповедам да тргне против народот што ме гневи,+ за да земе од него голем плен, за да го ограби потполно  и да го изгази како кал на улиците.+  Иако тој не сака, ќе биде наведен да го стори тоа; иако неговото срце не сака, тој ќе крои планови, бидејќи му е во срцето да сотира+ и да истреби многу народи.+  Зашто, ќе вели: ‚Не се ли моите кнезови, всушност, цареви?+  Не е ли Хално+ како Кархемис?+ Не е ли Емат+ како Арфад?+ Не е ли Самарија+ како Дамаск?+ 10  Како што мојата рака ги досегна царствата на безвредните богови, во кои имаше повеќе режани ликови отколку во Ерусалим и Самарија,+ 11  и како што ќе им направам на Самарија и на нејзините безвредни богови,+ зарем нема да им го направам истото и на Ерусалим и на неговите идоли?‘+ 12  А кога ќе го доврши сето свое дело на гората Сион и во Ерусалим, Јехова ќе се пресмета со асирскиот цар поради дрските дела на неговото срце и поради вообразеноста на неговите надмени очи.+ 13  Зашто вели: ‚Ќе го направам тоа со силата на својата рака+ и со својата мудрост, зашто сум разумен. Ќе им ги отстранам границите на народите+ и ќе им ги опљачкам богатствата,+ како јунак ќе ги покорам жителите.+ 14  Мојата рака+ ќе ги дофати богатствата+ на народите како гнездо. Како што се собираат оставени јајца така јас ќе ја соберам целата земја, и ќе нема кој да замавне со своите крилја, ниту да ја отвори својата уста, ниту да зацивка‘.“ 15  Зарем секирата ќе се велича над оној што сече со неа? Зарем пилата ќе се возгордее над оној што пили со неа? Може ли пратот да мавта со оној што го подига или стапот да го подига оној што не е дрво?+ 16  Затоа Господарот, Јехова над војските, ќе праќа врз неговите силни јунаци болест,+ која ќе ги изеде, а под неговата слава ќе гори пламен како што гори оган.+ 17  А Светлоста+ на Израел ќе биде како оган+ и неговиот Светец како пламен+ што ќе се запали и ќе ги проголта плевелот и трњето+ на Асирецот во еден ден. 18  На славата на неговата шума и на неговиот овоштарник ќе ѝ ги уништи+ и душата и телото — таа слава ќе биде како болен што се суши.+ 19  А стеблата што ќе останат од неговата шума ќе бидат толку малку што ќе може да ги преброи и едно дете.+ 20  Во тој ден остатокот на Израел+ и преживеаните од домот на Јаков повеќе нема да се потпираат на оној што ги удира,+ туку вистински ќе се потпираат на Јехова, Светецот Израелов.+ 21  Еден остаток ќе се врати,* остатокот на Јаков ќе се врати кај Моќниот Бог.+ 22  Зашто, да беше твојот народ, о Израеле, и колку морскиот песок,+ ќе се вратеше само еден остаток од нив.+ Истребувањето+ што е одредено ќе се излее врз нив во правда,+ 23  зашто Севишниот Господар, Јехова над војските, ќе го изврши истребувањето+ и ќе ја спроведе својата неотповиклива одлука по целата земја.+ 24  Затоа, вака вели Севишниот+ Господар, Јехова над војските: „Народе мој што живееш на Сион,+ не плаши се од Асирецот кој те тепаше со пратот+ и го подигаше својот стап против тебе, исто како што правеше и Египет.+ 25  Зашто, уште само малку и ќе му дојде крајот на осудувањето.+ Мојот гнев ќе ги сотре.+ 26  Јехова над војските ќе замавне со бич за да го удри,+ како кога го порази Мадијам кај карпата Орив,+ и ќе го крене својот стап над морето,+ ќе го крене исто како што го крена и против Египет.+ 27  Во тој ден ќе падне бремето на Асирецот од твојот грб+ и неговиот јарем од твојот врат,+ и јаремот ќе се скрши+ поради маслото“. 28  Тој доаѓа против Ајат,+ минува низ Мигрон, ги остава своите работи во Михмаш.+ 29  Го преминува плиткото место, ја минува ноќта во Гева.+ Рама+ трепери, Саулова Гаваја+ бега. 30  Викај на сет глас, о галимска+ ќерко! Чувај се, о Лаисо! И ти, страдален Анатоте!+ 31  Мадмена бега. Жителите на Гевим бараат засолниште. 32  Уште додека е ден, ќе запре во Нов.+ Мавта со раката заканувајќи ѝ се на гората на сионската ќерка, на ерусалимскиот рид.+ 33  Гледај, Господарот, Јехова над војските, со страшна сила ги кастри гранките.+ Исечени се оние што пораснаа во висина, снижени се високите.+ 34  Со железна алатка го сече шумскиот честак. Ливанските стебла ќе паднат пред еден кој е моќен.+

Фусноти

„Еден остаток ќе се врати“ — хебрејски: сеар јасув, истиот израз што се користи во Иса 7:3 како лично име „Сеар Јасув“. Види ја фуснотата за Иса 7:3.