Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Исаија 1:1-31

1  Видение+ на Исаија,+ синот на Амос, за Јуда и Ерусалим, кое го виде во деновите на Озија,+ Јотам,+ Ахаз+ и Езекија,+ цареви на Јуда:+  Чујте,+ небеса, послушај, земјо, зашто Јехова зборува: „Одгледав и подигнав синови,+ но тие се побунија против мене.+  Бикот си го познава сопственикот, и магарето — јаслите на својот стопан, а Израел не ме познава мене,+ мојот народ постапува неразумно“.+  Тешко на грешниот народ,+ народ натоварен со престапи, род злосторнички,+ синови расипани!+ Го оставија Јехова,+ го презреа Светецот Израелов,+ му свртија грб.+  Каде уште да ве удрам,+ кога ги трупате своите бунтовнички престапи?+ Целата глава е болна, целото срце е премалено.+  Од главата до петиците нема здраво место по телото.+ Повреди и модрици и отворени рани — ниту исчистени, ниту преврзани, ниту со масло ублажени.+  Вашата земја е претворена во пустош,+ вашите градови се изгорени со оган,+ нивите ви ги јадат+ туѓинци пред ваши очи,+ опустошено е како да пљачкосувале туѓинци.+  Сионската ќерка+ остана како колиба в лозје, како стражарница во нива со краставици, како опколен град.+  Да не ни оставеше Јехова над војските неколцина преживеани,+ ќе бевме како Содом, ќе личевме на Гомор.+ 10  Чујте ја Јеховината реч,+ самоволни содомски+ владетели!+ Послушај го законот на нашиот Бог, народе гоморски! 11  „Што ќе ми се мноштвото ваши жртви?“ вели Јехова. „Сит сум од цели овнешки паленици+ и од лојот од згоени животни!+ Крвта+ од јунци, јагниња и јарци+ не ми е мила!+ 12  Кога доаѓате да го видите моето лице,+ кој го бара тоа од вас, кој бара да газите по моите дворови?+ 13  Престанете да донесувате безвредни житни жртви!+ Темјанот ми е одвратен.+ Вие празнувате млади месечини,+ го држите денот за одмор*+ и свикувате собири+ — не поднесувам кога се собирате на свечености, па се занимавате со магија!+ 14  Вашите млади месечини и вашите празници ги мрази мојата душа!+ Ми станаа бреме,+ се изморив поднесувајќи ги!+ 15  Кога во молитва ги ширите рацете,+ ги затворам очите пред вас.+ Кажувате многу молитви,+ но јас не слушам+ — рацете ви се полни со крв.+ 16  Измијте се,+ исчистете се,+ отстранете ми ја од пред очи злобата на своите дела,+ престанете да правите зло!+ 17  Учете се да правите добро,+ барајте правда,+ укорувајте го угнетувачот,+ дајте му правда на детето без татко,+ бранете го правото на вдовицата!“+ 18  „Дојдете да расчистиме и јас ќе ви помогнам да се помирите со мене“, вели Јехова.+ „Ако бидат вашите гревови како црвено платно, ќе станат бели како снег;+ ако бидат румени како пурпур, ќе станат како волна. 19  Ако се оѕвиете и ако послушате, ќе го јадете она што е добро од оваа земја.+ 20  Но, ако одбиете и ако бидете бунтовни,+ меч ќе ве проголта. Ова се зборови од устата на Јехова.“+ 21  Верниот град+ стана блудница!+ Беше полн со правда,+ во него живееше праведноста,+ а сега се во него убијците.+ 22  Твоето сребро стана запенета згура.+ Твоето пиво* се разводни.+ 23  Твоите кнезови се тврдоглави и другаруваат со крадци.+ Секој сака мито+ и трча по дарови.+ На детето без татко не му даваат правда, парницата на вдовицата не ја прифаќаат.+ 24  Затоа вака вели Господарот, Јехова над војските, Силата Израелова:+ „Ах, ќе го излеам гневот врз своите противници и ќе им се одмаздам+ на своите непријатели!+ 25  Ќе ја свртам раката против тебе и како со пепелница ќе ја отстранам твојата пенеста згура и ќе ја отстранам сета твоја нечистотија!+ 26  Повторно ќе ти поставам судии како некогаш, и советници како во почетокот.+ Потоа ќе те викаат Град на Праведноста, Верен Град.+ 27  Сион ќе се откупи+ со правда, неговите повратници — со праведност.+ 28  Пропаста на бунтовниците и на грешниците ќе дојде во ист час,+ ќе изгинат оние што го оставаат Јехова.+ 29  Ќе се засрамат сите што копнеат по големите стебла, по кои копнеете и вие.+ Ќе се засрамите од градините што сте ги избрале.+ 30  Зашто, ќе бидете како големо стебло чии лисје венеат+ и како градина во која нема вода. 31  Крепкиот човек ќе стане колчишта,+ а плодот на неговата работа ќе стане искра; во ист час ќе изгорат заедно во оган, и ќе нема кој да го згасне“.+

Фусноти

Буквално: „сабатот“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Или: „пченично пиво“.