Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 7:1-27

7  Сине мој, држи се за моите зборови+ и зачувај ги во себе моите заповеди.+  Чувај ги моите заповеди, и ќе живееш,+ и пази ја мојата поука* како зеницата на окото.+  Врзи си ги на прстите+ и напиши си ги врз плочата на своето срце.+  Речи ѝ на мудроста:+ „Ти си ми сестра“, и разборитоста* викај ја роднина,  за да те чуваат од блудница,*+ од слаткоречива прељубница.*+  Зашто, од прозорецот на својата куќа гледав низ решетката+  и ги набљудував лековерните.*+ Меѓу синовите забележав неразумно момче,*+  како поминува по улицата близу до нејзиниот агол и како чекори по патот кон нејзината куќа,+  во квечерината, навечер,+ кога се спушта ноќта и паѓа мрак. 10  И гледај, го сретна жена облечена како блудница+ и со лукаво срце. 11  Необуздана е и тврдоглава.+ Нејзините нозе не остануваат дома.+ 12  Ту е на улица ту е на плоштадите,+ и демне на секој агол.+ 13  Го фати и го бакна.+ Со бесрамно лице му рече: 14  „Бев должна да принесам жртва на заедништвото+ и токму денес ги исполнив своите завети.+ 15  Затоа ти излегов во пресрет, да го побарам твоето лице, да те најдам. 16  Своето легло го украсив со килими, со разнобојни ткаенини, со лен египетски.+ 17  Ја намирисав својата постела  со смирна, со алое и со цимет.+ 18  Дојди, да се опиваме со љубовта до утро, да се радуваме на љубовните наслади.+ 19  Зашто, маж ми не е дома, отиде на далечен пат.+ 20  В рака понесе ќесе со пари. Ќе се врати дома кога ќе има полна месечина“. 21  И го заведе со многу уверувања,+ го одвлече со слаткоречивите усни.+ 22  И тој веднаш појде по неа,+ како што бик оди на колење и како безумник што го водат окован за да го казнат,* 23  додека стрела не му го прониже црниот дроб,+ и како птица што влетува во стапица+ и не знае дека може поради тоа да го изгуби животот.*+ 24  Затоа, послушајте ме, синови мои, и внимавајте на зборовите на мојата уста.+ 25  Срцето нека не ти застрани на нејзините патишта. Немој да заталкаш на нејзините патеки.+ 26  Зашто, таа турна мнозина во смрт+ и голем е бројот на оние што ги уби.+ 27  Патиштата од нејзината куќа водат во гробот,*+ се спуштаат во одаите на смртта.+

Фусноти

Буквално: „закон“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „жена од друга земја“.
Буквално: „туѓинка“.
Или: „неискусните“.
Буквално: „момче кое нема [разборито] срце“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „душата“.
Буквално: „шеолот“.