Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 6:1-35

6  Сине мој, ако гарантираш за својот ближен,+ ако му дадеш рака на странец,+  ако те фатат во замка зборовите на твојата уста,+ ако те уловат зборовите на твојата уста,  направи го ова, сине мој, и ослободи се, зашто си му паднал в раце на својот ближен:+ оди, понижи се и опсипувај го со молби својот ближен.+  Не давај им сон на своите очи, ни дремка на своите клепки.+  Избави се како газела од раката на ловецот и како птица од раката на птичарот.+  Оди кај мравката,+ мрзливецу,+ набљудувај ги нејзините патишта и стани мудар.  Иако нема ни заповедник, ни управител, ни господар,  таа си приготвува храна лете,+ собира резерви од храна во времето на жетва.  До кога ќе лежиш, мрзливецу?+ Кога ќе станеш од спиење?+ 10  Поспиј си уште малку, дремни си уште малку, скрсти си ги рацете и прилегни си уште малку,+ 11  и сиромаштијата ќе ти дојде како арамија+ и немаштијата како вооружен човек.+ 12  Човек никаквец+ и зол оди наоколу и зборува расипано,+ 13  намигнува со окото,+ дава знаци со ногата, покажува со прстите.+ 14  Изопаченоста му е во срцето.+ Во секое време смислува некое зло.+ Постојано започнува караници.+ 15  Затоа, одненадеж ќе дојде неговата пропаст,+ одеднаш ќе се скрши и ќе нема лек.+ 16  Шест работи мрази Јехова,+ седум ѝ се одвратни на неговата душа:+ 17  горделиви очи,+ лажлив јазик+ и раце што пролеваат невина крв,+ 18  срце што крои зли планови,+ нозе што брзо трчаат кон зло,+ 19  лажен сведок што зборува лаги+ и оној што подбуцнува караници меѓу браќата.+ 20  Сине мој, држи ја заповедта на татка си+ и не оставај ги упатствата* на мајка си.+ 21  Секогаш врзувај си ги за срцето,+ врзувај си ги околу вратот.+ 22  Кога ќе одиш, ќе те водат;+ кога ќе легнеш, над тебе ќе бдеат;+ и кога ќе се разбудиш, ќе внимаваат на тебе. 23  Зашто, заповедта е светилка+ и поуката* е светлина,+ а укорот и стегата* водат во живот.+ 24  Ќе те чува од зла жена,+ од слаткоречивиот јазик на блудницата.*+ 25  Не посакувај ја во своето срце нејзината убавина+ и не дозволувај да те освои со своите сјајни очи,+ 26  зашто поради блудница човек на крајот паѓа на просјачки стап,+ а прељубницата лови скапоцена душа.+ 27  Може ли некој да стави оган во пазувите, а да не му се запали облеката?+ 28  Може ли некој да оди по жар, а да не си ги изгори нозете? 29  Така станува и со оној што ќе легне со жената на својот ближен+ — кој и да се допре до неа, нема да остане без казна.+ 30  Не го презираат крадецот ако украде за да си ја насити душата затоа што е гладен. 31  Но кога ќе го фатат, ќе врати седумкратно — ќе даде сѐ што има од својата куќа.+ 32  Кој прави прељуба со жена, безумен е.*+ Кој го прави тоа, си ја води душата во пропаст.+ 33  Ќе добие болна рана и презир,+ и срамот нема да му се избрише.+ 34  Зашто, љубомората го тера човекот на бес,+ тој нема милост во денот на одмаздата.+ 35  Не се согласува на никаков откуп и нема да се смири, сеедно колку голем дар му нуди.

Фусноти

Буквално: „законот“.
Буквално: „законот“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „туѓинката“.
Буквално: „нема [разборито] срце“.