Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 5:1-23

5  Сине мој, добро слушај ја мојата мудрост.+ Приклони го своето уво кон мојата разборитост,+  за да ја зачуваш способноста за расудување,+ и чувај го знаењето на своите усни.+  Зашто, од усните на блудница* капе мед како од саќе+ и непцето ѝ е помазно од масло.+  Но она што останува по неа е горко како пелин,+ остро како меч со две сечила.+  Нејзините нозе слегуваат кон смртта,+ нејзините чекори водат во гробот.*+  Таа не размислува за патот на животот.+ И самата не знае каде кривулат нејзините патеки.+  Затоа сега, послушајте ме, синови мои,+ и не отстапувајте од зборовите на мојата уста.+  Твојот пат нека биде далеку од неа и не приближувај се до вратата на нејзината куќа+  за да не им го дадеш своето достоинство на други+ и своите години на она што ќе те уништи,+ 10  за да не се наситат странци со твојата сила+ и да не премине во куќата на туѓинец она што со мака си го стекнал,+ 11  за да не мораш подоцна горко да плачеш+ кога снагата и телото ќе ти се истрошат.+ 12  Тогаш ќе мораш да речеш: „О, колку ги мразев опомените!*+ Колку моето срце го презираше укорот!+ 13  И не го слушав гласот на моите учители,+ не го приклонив увото кон оние што ме поучуваа.+ 14  Многу лесно западнав во секакво зло+ среде собирот и среде заедницата“.*+ 15  Пиј вода од својот бунар* и вода што извира од твојот кладенец.+ 16  Мора ли твоите извори да се разлеваат надвор+ и твоите потоци по плоштадите? 17  Тие нека бидат само за тебе, а не и за туѓинците што се со тебе.+ 18  Нека е благословен твојот извор+ и радувај се со жената на својата младост,+ 19  која ти е мила како срна и занесна како планинска коза.+ Нејзините гради нека те опиваат во секое време.+ Со нејзината љубов биди секогаш во занес.+ 20  Зошто, сине мој, да паѓаш во занес со блудница* или да ги прегрнуваш градите на прељубница?*+ 21  Зашто, патиштата на човекот се пред очите на Јехова,+ и тој внимателно ги набљудува сите негови патеки.+ 22  Злобниот ќе го фатат неговите сопствени престапи+ и ќе се улови во јажињата на сопствениот грев.+ 23  Ќе умре, зашто не прима поука*+ и зашто застранил во својата голема глупавост.+

Фусноти

Буквално: „жена од друга земја“.
Буквално: „шеолот“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Или: „резервоар“.
Буквално: „жена од друга земја“.
Буквално: „туѓинка“.
Или: „зашто нема самосовладување“. Види ја фуснотата за Из 1:2.