Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 4:1-27

4  Слушајте ги, синови, опомените* на татко ви+ и внимавајте, за да стекнете разборитост,*+  зашто ќе ви дадам добра поука.+ Не оставајте ги моите упатства.*+  Јас му бев вистински син на татко ми,+ нежен единец ѝ бев на мајка ми.+  Тој ме поучуваше+ и ми велеше: „Срцето твое+ нека се држи цврсто за моите зборови.+ Држи ги моите заповеди, и ќе живееш.+  Стекни мудрост,+ стекни разборитост.*+ Не заборавај ги зборовите на мојата уста и не отстапувај од нив.+  Не оставај ја мудроста, и таа ќе те чува. Сакај ја, и ќе те штити.  Мудроста е најважна.+ Стекни мудрост и со сиот свој имот стекни разборитост.*+  Високо цени ја, и таа ќе те возвиши.+ Ќе те прослави кога ќе ја прегрнеш.+  Ќе ти стави убав венец на глава,+ ќе ти подари прекрасна круна“.+ 10  Слушај, сине мој, и прими ги моите зборови.+ Тогаш ќе ти се намножат годините на животот.+ 11  Ќе те поучам за патот на мудроста,+ ќе те поведам по патеките на справедливоста.+ 12  Кога ќе одиш, чекорот твој нема да биде сопрен.+ Ако потрчаш, нема да се сопнеш.+ 13  Прифати ги опомените,*+ не пуштај ги.+ Чувај ги, зашто тие ти се живот.+ 14  Не стапнувај на патеката на расипаните луѓе+ и не оди по патот на злите.+ 15  Остави го,+ не оди по него,+ тргни се од него и заобиколи го.+ 16  Зашто, тие не можат да спијат ако не направат зло+ и сон не ги фаќа ако не сопнат некого.+ 17  Зашто, го јадат лебот на злобата+ и го пијат виното на насилството.+ 18  А патеката на праведниците е како блескава светлина, која свети сѐ посилно додека сосема не се раздени.+ 19  А патот на злите е како мрак,+ не знаат од што се сопнуваат.+ 20  Сине мој, внимавај на моите зборови.+ Приклони го увото кон моите поуки.+ 21  Не губи ги никогаш од вид.+ Чувај ги среде своето срце.+ 22  Зашто, тие се живот за оние што ги наоѓаат+ и здравје на целото нивно тело.+ 23  А од сѐ што треба да се чува, најмногу чувај си го срцето,+ зашто од него извира животот.+ 24  Отфрли го од себе расипаниот говор+ и оддалечи ги од себе лукавите усни.+ 25  Твоите очи нека гледаат право напред,+ и погледот насочи го пред себе.+ 26  Израмни ја патеката по која оди твојата нога+ и сите твои патишта нека бидат постојани.+ 27  Не скршнувај ни надесно ни налево.+ Тргни си ја ногата од злото.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „закон“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 1:2.