Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 30:1-33

30  Зборови на Агур, синот на Јакеј, важни поуки.+ Зборови на тој човек упатени до Итиел, до Итиел и Укал.  Зашто, понеразумен сум од кого и да било+ и немам човечка разборитост,*+  не ја стекнав мудроста+ и не го познавам знаењето на Најсветиот.+  Кој се вознел на небото, па може да слезе?+ Кој го фатил ветрот+ во своите дланки? Кој ги врзал водите во својата наметка?+ Кој ги подигнал сите краишта на земјата?+ Како се вика тој+ и како му се вика синот, знаеш ли?+  Секој збор од Бог е чист.+ Тој е штит за оние што бараат засолниште кај него.+  Ништо не додавај кон неговите зборови,+ за да не те укори и за да не се покажеш лажливец.+  За две работи те молам.+ Не лишувај ме од нив пред да умрам.+  Невистината и лажниот збор оддалечи ги од мене.+ Не давај ми ниту сиромаштија ниту богатство.+ Храни ме со леб колку што ми треба,+  за да не се заситам, па да се откажам од тебе+ и да речам: „Кој е Јехова?“+ — и за да не осиромашам, па тогаш да крадам и да го осквернам името на својот Бог.+ 10  Не клевети го слугата пред неговиот господар,+ за да не те проколне и за да не бидеш виновен.+ 11  Има поколение кое го проколнува татка си и не ја благословува мајка си.+ 12  Има поколение кое за себе мисли дека е чисто,+ а од изметот свој не е измиено.+ 13  Има поколение чии очи се многу вообразени и гордо гледаат.+ 14  Има поколение чии заби се мечеви, а чии вилици се ножеви за колење,+ за да ги проголта страдалниците на земјата и сиромасите меѓу луѓето.+ 15  Пијавицата има две ќерки, кои викаат: „Дај! Дај!“ Три нешта се ненаситни и четири не велат: „Доста!“ 16  Гробот*+ и неплодната утроба,+ земјата која никогаш не се наситува со вода+ и огнот+ кој никогаш не вели: „Доста!“+ 17  Окото што му се подбива на таткото и ја презира послушноста кон мајката+ ќе го исколваат долинските гаврани и ќе го изедат орлињата. 18  Три работи ми се премногу чудни и четвртата не ја разбирам: 19  патот на орелот по небото, патот на змијата по карпата, патот на бродот среде морето+ и патот на мажот кон девојката.+ 20  Ваков е патот на жена прељубница: ќе се најаде, ќе си ја избрише устата, па ќе рече: „Ништо лошо не направив“.+ 21  Под три работи се тресе земјата и под четири не може да издржи: 22  под роб кога ќе стане цар+ и под безумник кога ќе се насити со храна,+ 23  под омразена жена кога ќе се омажи+ и под слугинка кога ќе го заземе местото на својата господарка.+ 24  Четири животни се најмали на земјата, но природно се мудри:+ 25  мравките не се силен народ,+ но лете си ја подготвуваат храната;+ 26  пештерниците*+ не се силен народ, но своите куќи ги поставуваат на карпа;+ 27  скакулците+ немаат цар, но сите одат распоредени по групи;+ 28  гуштерот*+ се фаќа со нозете и влегува во царската палата. 29  Три нешта имаат достоинствен чекор и четвртото достоинствено оди: 30  лавот, најсилен меѓу ѕверовите, кој не се трга пред никого,+ 31  загарот и јарецот, и царот на чело на војската на својот народ.+ 32  Ако си постапил безумно воздигнувајќи се самиот себеси+ и ако ти било тоа на ум, стави си ја раката на уста.+ 33  Зашто, кога се бие млеко, се добива маст, и кога ќе се удри носот, потекува крв, а кога се истура гневот, доаѓа до караница.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „Шеолот“.
Цицачи слични на зајаци дупкари, кои живеат во каменити подрачја.
Или: „геконот“.