Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 28:1-28

28  Злите бегаат и кога никој не ги гони,+ а праведниците се чувствуваат сигурно како млад лав.+  Поради престапите во земјата, нејзините кнезови често се менуваат,+ но со помош на разборит човек, кој знае што е исправно, кнезот ќе остане долго време.+  Сиромашен човек кој ги мами+ сиромасите е како дожд што однесува сѐ и остава без храна.  Оние што го оставаат законот, го фалат злобниот,+ а оние што се држат за законот, се гневат на нив.+  Луѓето што се склони кон зло, не ја разбираат правдата, а оние што го бараат Јехова разбираат сѐ.+  Подобар е сиромавиот што живее* непорочно* отколку оној што е расипан на патиштата свои, макар и да е богат.+  Разумниот* син се држи за законот,+ а кој се дружи со изедници, го срамоти татка си.+  Кој го умножува богатството така што дава на заем заради камата+ и заработка, го собира за оној што е милостив кон бедните.+  Кој го одвраќа увото за да не го слуша законот,+ и молитвата негова е одвратна.+ 10  Кој ги заведува справедливите на зол пат,+ самиот ќе падне во својата јама,+ а непорочните* ќе го наследат она што е добро.+ 11  Богатиот човек за себе мисли дека е мудар,+ но сиромавиот што е разборит ќе го проѕре.+ 12  Убаво е кога се радуваат праведниците,+ а кога се издигаат злите, човек мора да се преправа.+ 13  Кој ги крие престапите свои, ќе нема успех,+ а оној што ги признава и ги остава, ќе биде помилуван.+ 14  Среќен е човекот што секогаш чувствува страхопочит,+ а оној што го стврднува срцето свое, запаѓа во неволја.+ 15  Како што е лавот што рика и мечката што напаѓа, таков е злиот владетел над беден народ.+ 16  Водачот кој нема вистинска разборитост, честопати мами,+ а кој ја мрази неправедната добивка,+ ќе ги продолжи своите денови. 17  Човек кој го носи товарот на вина за крв за некоја душа, ќе бега до гроб+ — никој нека не го задржува. 18  Кој живее* чесно,* ќе биде спасен,+ а кој е расипан на своите патишта, одеднаш ќе падне.+ 19  Кој си ја обработува земјата, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, ќе се насити со сиромаштија.+ 20  Верниот човек добива многу благослови,+ а оној што брза да се збогати, не останува невин.+ 21  Не чини да се биде пристрасен,+ а не чини и човек да прави престап за парче леб. 22  Човекот со завидливо око брза по богатство,+ а не знае дека ќе го снајде немаштија. 23  Кој укорува човек,+ потоа стекнува поголема наклоност отколку оној што ласка со јазикот. 24  Кој ги краде татка си и мајка си+ и вели: „Тоа не е грев“,+ другар му е на човекот што донесува пропаст. 25  Кој е вообразен во душата, предизвикува караница,+ а кој се надева на Јехова, ќе се насити.+ 26  Кој има доверба во своето срце, безумен е,+ а кој постапува* мудро, ќе се избави.+ 27  Кој му дава на сиромавиот, нема да биде во немаштија,+ а кој ги затвора очите, ќе биде опсипан со клетви.+ 28  Кога се издигаат злите, човек се крие,+ а кога пропаѓаат, се множат праведниците.+

Фусноти

Буквално: „оди“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „оди“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „оди“.