Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 26:1-28

26  Како што снег не прилега лете и дожд во време на жетва,+ така честа не му прилега на безумникот.+  Како што птицата има причина да одлета и ластовицата да лета, така и проклетството не доаѓа без причина.+  Камшикот е за коњот,+ уздата+ за магарето, а прачката за плеќите на безумниците.+  Не одговарај му на безумникот според неговата глупост, за да не бидеш ист како него.+  Одговори му на безумникот според неговата глупост, за да не мисли за себе дека е мудар.+  Кој доверува нешто во рацете на безумник, тој е како човек што си ги пресечува нозете, како човек што самиот себе си прави зло.+  Како што се тетерават нозете на куциот кој носи вода, таква е и мудрата изрека во устата на безумните луѓе.+  Како човек што става камен под куп камења, таков е оној што му укажува чест на безумник.+  Како трнлива гранка во раката на пијаница, таква е мудрата изрека во устата на безумните.+ 10  Како стрелец што ги прободува сите, таков е оној што најмува безумник+ или најмува минувач. 11  Како што кучето се враќа на својата блујавица, така и безумникот ја повторува својата глупост.+ 12  Си видел ли човек кој за себе мисли дека е мудар?+ Повеќе надеж има за безумникот+ отколку за него. 13  Мрзливецот вели: „На патот има млад лав, лав има на плоштадите“.+ 14  Вратата се врти на своите лежишта, а мрзливецот на својата постела.+ 15  Мрзливецот макнува со раката во чинијата, но преуморен е за да си ја принесе до устата.+ 16  Мрзливецот за себе мисли дека е помудар+ од седуммина кои одговараат разумно. 17  Како човек што фаќа куче за уши, таков е оној што, поминувајќи, се гневи на караницата во која се вмешал, иако не го засега.+ 18  Како лудак што фрла оган,+ стрели и смрт, 19  таков е човекот што ќе го измами ближниот свој па вели: „Само се шегував“.+ 20  Кога снемува дрва, огнот згаснува, и кога нема клеветник, караницата престанува.+ 21  Како што е дрвениот јаглен за жарта и дрвото за огнот, таков е кавгаџијата за да ја разгорува караницата.+ 22  Зборовите на клеветникот се како залаци што лакомо се голтаат, се спуштаат до дното на утробата.+ 23  Како сребрена глазура на парче скршен земјен сад, такви се срдечните усни со зло срце.+ 24  Оној што мрази, се преправа со своите усни, а во себе собира измама.+ 25  Иако зборува со мил глас,+ не верувај му,+ зашто во срцето има седум гадотии.+ 26  Ако лукавство ја прикрива омразата, неговата злоба ќе биде откриена пред заедницата.+ 27  Кој копа јама, самиот ќе падне во неа,+ и кој тркала камен, каменот врз него ќе се стркала.+ 28  Лажливиот јазик го мрази оној кого го сотрува,+ и ласкавата уста донесува пропаст.+

Фусноти