Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 23:1-35

23  Ако седнеш да јадеш со царот, добро внимавај што има пред тебе+  и стави си нож под грлото ако имаш лакома душа.+  Немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења, зашто таа храна е измамлива.+  Не труди се да стекнеш богатство.+ Не потпирај се на сопствениот разум.*+  Зарем ќе ги насочиш очите кон богатството, иако исчезнува за миг?+ Зашто, тоа си прави крилја како на орел и летнува кон небото.+  Не јади кај оној што нема дарежливо око+ и немој да се полакомиш по неговите вкусни јадења.+  Зашто, каков што е оној што е пресметлив во душата, таков е и овој.+ Ти вели: „Јади и пиј“ — но срцето негово не е со тебе.+  Залакот што си го изел, ќе го повратиш, и залудно ќе си ги потрошиш љубезните зборови.+  Не зборувај пред безумник,+ зашто тој ќе ги презре твоите разборити зборови.+ 10  Не преместувај ги старите меѓи+ и не влегувај во нивата на деца без татко.+ 11  Зашто, силен е нивниот Откупител, тој ќе ја води нивната парница против тебе.+ 12  Приклони го срцето кон опомените* и увото кон зборовите полни со знаење.+ 13  Не скратувај му опомени* на детето.+ Ако го удриш со прачка, нема да умре. 14  Удри го со прачка за да му ја избавиш душата од гробот.*+ 15  Сине мој, ако твоето срце биде мудро,+ моето срце ќе се радува во мене.+ 16  Моите бубрези* ќе се веселат кога твоите усни ќе го кажуваат она што е исправно.+ 17  Срцето твое нека не им завидува на грешниците,+ туку по цел ден имај страв од Јехова.+ 18  Зашто, тогаш ќе имаш иднина+ и твојата надеж нема да пропадне.+ 19  Сине мој, слушај и биди мудар, и води го срцето свое по правиот пат.+ 20  Не биди меѓу оние што се опиваат со вино,+ ниту меѓу оние што лакомо јадат месо.+ 21  Зашто, пијаницата и изедникот осиромашуваат,+ и дремливоста ќе го облече човекот во партали.+ 22  Слушај го својот татко, својот родител,+ и не презирај ја мајка си кога ќе остари.+ 23  Купувај ја вистината+ и немој да ја продаваш — купувај мудрост, поука* и разборитост.*+ 24  Ќе се радува таткото на праведникот,+ и родителот на мудриот ќе се весели.+ 25  Ќе се веселат татко ти и мајка ти, ќе се весели онаа што те родила.+ 26  Сине мој, дај ми го срцето, и твоите очи нека се радуваат на моите патишта.+ 27  Зашто, блудницата е длабока јама,+ и прељубницата* — тесен бунар. 28  Навистина, таа демне+ како разбојник и меѓу луѓето го зголемува бројот на оние што постапуваат неверно.+ 29  Кому маки? Кому немир? Кому караници?+ Кому грижи? Кому рани без причина? Кому матни очи? 30  На оние што остануваат долго покрај виното,+ на оние што одат и бараат опојно вино.+ 31  Не гледај на виното кога се црвенее, кога светка во чашата, кога се лизга толку лесно. 32  На крајот каснува како змија,+ пушта отров како отровница.+ 33  Очите твои ќе гледаат чудни глетки и срцето твое ќе зборува за изопачени работи.+ 34  И ќе бидеш како оној што лежи среде морето и како оној што лежи на врв на јарбол.+ 35  Ќе речеш: „Ме тепаа, но ништо не ме боли, ме удираа, но ништо не осетив. Кога ќе се разбудам+ за повторно да барам пијачка?+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „шеолот“.
Или: „внатрешност“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „туѓинката“.