Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 21:1-31

21  Срцето на царот е како вода што тече во раката на Јехова.+ Тој го насочува таму каде што сака.+  На човекот секој негов пат му се чини исправен,+ но Јехова ги проценува срцата.+  На Јехова му е помило да постапуваш според правдата и да го правиш она што е исправно отколку да му дадеш жртва.+  Горделивите очи и надменото срце,+ светилката на злите, тоа е грев.+  Замислите* на трудољубивиот сигурно донесуваат корист,+ а секој што избрзува, сигурно оди кон немаштија.+  Богатство стекнато со лажлив јазик е здив што исчезнува.+ Оние што на таков начин го стекнуваат, бараат смрт.+  Злите ќе ги однесе нивното пљачкање,+ зашто не сакаат да го прават она што е праведно.+  Патот на туѓинецот е расипан,+ а чист е човекот што е чесен во своите дела.+  Подобро да живееш во аголот од покривот+ отколку во куќа заедно со жена кавгаџика.+ 10  Душата на злиот бара зло,+ во неговите очи нема милост кон ближниот.+ 11  Кога го казнуваат потсмевачот со глоба, неискусниот станува мудар.+ Кога на мудриот ќе му се помогне да разбере* нешто, тој стекнува знаење.+ 12  Куќата на злиот ја набљудува Праведниот+ и злите ги турка во неволја.+ 13  Кој си ги затвора ушите кога бедниот се жали и офка,+ и самиот ќе вика, но нема да биде услишен.+ 14  Тајниот подарок го смирува гневот,+ и поткупот во пазувите+ — жестоката лутина. 15  За праведникот претставува радост да го прави она што е праведно,+ а ужас ги чека оние што прават зло.+ 16  Човекот што ќе скршне од патот на разборитоста*+ ќе почива во друштвото на немоќните мртовци.+ 17  Кој ја сака веселбата, упаѓа во немаштија;+ кој ги сака виното и маслото, нема да се збогати.+ 18  Злиот човек е откуп за праведникот,+ и измамникот застанува на местото на справедливите.+ 19  Подобро е да живееш во пуста земја отколку со жена кавгаџика и во немир.+ 20  Скапоценото богатство и маслото се во куќата на мудриот,+ а безумниот човек ги проголтува.+ 21  Кој оди по праведност+ и по добрина,* наоѓа живот, праведност и чест.+ 22  Мудриот се искачува во градот на силните луѓе за да ја собори силата на која градот се надева.+ 23  Кој ги чува устата и јазикот, си ја чува душата од неволји.+ 24  Името на оној што прави сѐ во дрзок бес е: дрзок, вообразен фалбаџија.+ 25  Мрзливецот го убива неговата желба, зашто неговите раце бегаат од работа.+ 26  По цел ден гори од желба, а праведникот дава и ништо не скратува.+ 27  Жртвата на злите е одвратна,+ особено кога ја принесува некој што врши срамни дела.+ 28  Лажливиот сведок пропаѓа,+ а човекот што слуша, засекогаш ќе зборува.+ 29  Злиот човек покажува дрско лице,+ а справедливиот, ги зацврстува своите патишта.+ 30  Нема ни мудрост, ни разборитост, ни совет против Јехова.+ 31  Коњот го подготвуваат за денот на битката,+ но победата е од Јехова.+

Фусноти

Или: „Плановите“.
Или: „да стекне увид во нешто“. Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.