Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Изреки 2:1-22

2  Сине мој, ако ги примиш моите зборови+ и ако ги зачуваш во себе моите заповеди,+  ако ја слушаш со увото мудроста+ и го приклониш срцето кон разборитоста,+  ако го повикаш разумот*+ и ако ја викнеш проникливоста,+  ако го побараш сето тоа како сребро+ и ако трагаш по него како по скриено богатство,+  тогаш ќе разбереш што значи да се има страв пред Јехова+ и ќе го пронајдеш знаењето за Бог.+    Зашто, Јехова дава мудрост,+ од неговата уста доаѓаат знаењето и проникливоста.+  Тој им помага на чесните да постапуваат мудро,*+ штит им е на оние што живеат* непорочно,*+  зашто внимава на патеките на правдата+ и го чува патот на оние што му се лојални.+  Тогаш ќе разбереш што значи праведност и исправно просудување и справедливост, сето она што е на патот на добротата.+ 10  Кога мудроста ќе ти влезе во срцето+ и знаењето ќе ѝ стане пријатно на твојата душа,+ 11  способноста за расудување ќе внимава на тебе,+ проникливоста ќе те чува,+ 12  и ќе те избават од лош пат,+ од човек што кажува изопачени работи,+ 13  од оние што ги напуштаат патеките на чесноста за да одат по патиштата на темнината,+ 14  од оние што се радуваат кога прават зло+ и уживаат во зли и изопачени работи,+ 15  чии патеки се расипани и кои застраниле на своите патишта,+ 16  и ќе те избават од блудница,*+ од слаткоречива прељубница,*+ 17  која го остава блискиот другар на својата младост+ и го заборава сојузот на својот Бог.+ 18  Зашто, нејзината куќа тоне во смртта и нејзините патеки водат кон немоќните мртовци.+ 19  Кој ќе легне со неа, нема да се врати и никогаш нема да стапи на патиштата на живите.+ 20  Целта на овие зборови е да одиш по патот на добрите луѓе+ и да се држиш за патеките на праведниците.+ 21  Зашто, праведниците ќе живеат на земјата+ и непорочните* ќе останат на неа.+ 22  А злите ќе бидат истребени од земјата+ и оние што постапуваат неверно ќе бидат искоренети од неа.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 3:5.
Или: „Тој ја чува делотворната (практична, применлива) мудрост за чесните“.
Буквално: „одат“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „жена од друга земја“.
Буквално: „туѓинка“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.