Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 18:1-24

18  Оној што се изолира, оди по своите себични желби,+ се спротивставува на секоја мудрост.*+  На глупавиот не му е мила разборитоста,+ освен кога сака да ја покаже мудроста на своето срце.+  Кај што ќе влезе зол човек, таму ќе влезе и презирот,+ а со срамот+ доаѓа и подбивот.  Зборовите од човековата уста се длабоки води.+ Изворот на мудроста е порој што се разлева.+  Не чини да бидеш пристрасен кон злиот,+ ниту да го лишиш од правда праведниот.+  Усните на безумникот се впуштаат во караница+ и со својата уста си ги бара ударите.+  Устата на безумникот е пропаст за него+ и неговите усни му се замка за душата.+  Зборовите на клеветникот се како залаци што се голтаат лакомо,+ се спуштаат до дното на утробата.+  Кој е немарен во работата,+ брат му е на оној што донесува пропаст.+ 10  Името на Јехова е цврста кула.+ Во неа бега праведникот и наоѓа заштита.+ 11  Богатството му е утврден град на богатиот+ и е како висок ѕид во неговото мечтаење.+ 12  Пред пропаста, човековото срце е вообразено,+ а пред славата оди понизноста.+ 13  Кој одговара пред да сослуша,+ тоа е за него глупост и срам.+ 14  Духот го крепи човекот кога е болен,+ а скршен дух кој ќе поднесе?+ 15  Срцето на разборитиот стекнува знаење+ и увото на мудрите бара знаење.+ 16  Подарокот му ја отвора ширум вратата на човекот+ и го доведува пред големците.+ 17  Кој е прв во својата парница, праведен е,+ а потоа доаѓа неговиот ближен и со испитување ги побива неговите зборови.+ 18  Ждрепката ги смирува караниците,+ а и меѓу моќниците одлучува.+ 19  Навредениот брат е потврд од утврден град,+ и некои караници се како резе на кула.+ 20  Човекот си го наситува стомакот со плодот од својата уста,+ се наситува со родот на своите усни.+ 21  Смртта и животот се во власта на јазикот,+ и кој го сака, ќе го јаде неговиот плод.+ 22  Кој нашол добра жена,+ нашол добро,+ и кон него Јехова покажува наклоност.+ 23  Сиромавиот зборува молејќи,+ а богаташот одговара остро.+ 24  Има луѓе што се готови да го уништат својот другар,+ но има и пријатели поприврзани од брат.+

Фусноти

Или: „делотворна (практична, применлива) мудрост“.