Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 17:1-28

17  Подобро е парче сув леб со мир+ отколку куќа полна со месо од жртви и со караница.+  Разборитиот* слуга ќе владее над синот што постапува срамно+ и ќе го дели наследството+ со браќата.  Во топилница се чисти сребро и во печка злато,+ а Јехова ги испитува срцата.+  Злосторникот ги слуша злите усни,+ и измамникот го слуша погубниот јазик.+  Кој му се потсмева на сиромавиот, го срамоти својот Творец.+ Кој се радува на туѓа несреќа, не останува без казна.+  Внуците+ им се круна на старците, и убавина за синовите се нивните татковци.+  На безумникот не му прилегаат справедливи усни,+ а уште помалку на достоинственикот лажливи усни.+  Оној што дава дар гледа на него како на скапоцен камен со кој се придобива наклоност.+ Каде и да се сврти, има успех.+  Кој го покрива престапот, бара љубов,+ а кој постојано зборува за него, ги раздвојува блиските пријатели.+ 10  Посилно влијае укорот+ врз разумниот* отколку сто удари врз безумниот.+ 11  Злиот човек бара само бунт,+ но против него ќе испратат свиреп гласник.+ 12  Подобро е човек да наиде на мечка на која ѝ се одземени мечињата+ отколку на глупав човек во неговата безумност.+ 13  Кој враќа зло за добро,+ злото нема да се оддалечи од неговата куќа.+ 14  Кога ќе почне караница, како да се отворила водна брана.+ Затоа, пред да избие караницата, оддалечи се.+ 15  И оној што го прогласува злиот за праведен+ и оној што го прогласува праведниот за зол,+ обајцата му се одвратни на Јехова.+ 16  Што ќе му е на безумникот можноста да прибави мудрост,+ кога не е разумен?*+ 17  Вистинскиот пријател сака во секое време,+ и брат станува во неволја.+ 18  Неразумниот човек* дава рака+ и потполно гарантира пред својот ближен.+ 19  Кој го сака престапот, ја сака караницата.+ Кој гради за себе висока врата, бара пропаст.+ 20  Кој е расипан во срцето, не наоѓа добро,+ и кој има превртлив јазик, паѓа во зло.+ 21  Неразумното дете му донесува тага на својот татко;+ таткото на безумното дете не е радосен.+ 22  Веселото срце дејствува добро како лек,+ а скршениот дух ги суши коските.+ 23  Злиот човек зема мито од пазувите+ за да ги искриви патиштата на правдата.+ 24  Мудроста е пред лицето на разборитиот човек,+ а очите на безумникот талкаат до крајот на земјата.+ 25  Безумниот син е жалост за татка си+ и горка болка за мајка си.+ 26  Не е добро со глоба да го казнуваш праведникот,+ и не е исправно да ги удираш достоинствениците.+ 27  Оној што е воздржан во своите зборови, навистина е мудар,+ и разборитиот човек има мирен дух.+ 28  За мудар го сметаат и глупавиот кога молчи,+ и за разборит* го сметаат оној што си ја држи устата затворена.

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „кога нема [разборито] срце“.
Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.