Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 15:1-33

15  Благиот одговор го смирува гневот,+ а остриот збор предизвикува лутина.+  Јазикот на мудрите прави добро со своето знаење,+ а од устата на глупавите извира безумство.+  Очите на Јехова се на секое место+ и ги набљудуваат и злите и добрите.+  Благиот јазик е дрво на животот,+ а неговата изопаченост го крши духот.+  Глупавиот ги презира опомените* од својот татко,+ а оној што прифаќа укор е паметен.+  Во куќата на праведниот има многу од сѐ,+ а приходот на злиот донесува осуда.+  Усните на мудрите сеат знаење,+ а срцето на глупавите не го прави тоа.+  Жртвата на злите му е одвратна на Јехова,+ а молитвата на справедливите му е пријатна.+  На Јехова му е одвратен патот на злиот,+ а го сака оној што оди по праведноста.+ 10  Строга казна* го чека оној што го напушта правиот пат;+ кој мрази укор, ќе умре.+ 11  Гробот* и местото на пропаста+ се отворени пред Јехова,+ а колку повеќе срцата на синовите човечки!+ 12  Потсмевачот не го сака оној што го укорува.+ Тој не оди кај мудрите.+ 13  Радосното срце го разведрува лицето,+ а болката во срцето го крши духот.+ 14  Разборитото* срце бара знаење,+ а устата на безумните тежнее кон глупавост.+ 15  Сите денови на страдалникот се лоши,+ а кој има весело срце, на гозба е без престан.+ 16  Подобро е малку, но со страв од Јехова,+ отколку големо богатство и немир со него.+ 17  Подобро е јадење од зеленчук таму каде што има љубов+ отколку згоен јунец таму каде што има омраза.+ 18  Гневниот човек предизвикува караница,+ а кој е бавен на гнев, ја смирува препирката.+ 19  Патот на мрзливецот е како плот од трње,+ а патеката на справедливите е како израмнет пат.+ 20  Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот човек ја презира мајка си.+ 21  Неразумниот*+ ѝ се радува на глупавоста, а разборитиот човек оди право.+ 22  Намерите* пропаѓаат таму каде што нема доверлив разговор,+ а успехот лежи во мноштвото советници.+ 23  Човекот се радува на одговорот од својата уста,+ и збор кажан во право време — колку е добар!+ 24  Патот на животот го води нагоре+ оној што постапува разборито* за да го избегне гробот,* кој е долу.+ 25  Јехова ја руши куќата на оние што самите себе се возвишуваат,+ а ја утврдува меѓата на вдовицата.+ 26  Замислите на злиот човек му се одвратни на Јехова,+ а пријатните зборови се чисти.+ 27  Кој стекнува неправедна добивка, го доведува својот дом на лош глас,+ а кој мрази поткуп, ќе живее.+ 28  Срцето на праведникот промислува што ќе одговори,+ а од устата на злите луѓе извира зло.+ 29  Јехова е далеку од злите,+ а ја слуша молитвата на праведните.+ 30  Сјајот во очите+ го весели срцето,+ и добрата вест+ ги крепи коските.+ 31  Увото што слуша животодавен укор+ престојува меѓу мудрите.+ 32  Кој ги отфрла опомените,*+ не води сметка за сопствената душа, а кој слуша укор, стекнува разборитост.*+ 33  Стравот од Јехова учи* на мудрост,+ и пред честа оди понизноста.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „Шеолот“.
Види ја фуснотата за Из 3:5.
Буквално: „Оној што нема [разборито] срце“.
Или: „Плановите“.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „шеолот“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „стекнува [разборито] срце“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.