Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 12:1-28

12  Кој ги сака опомените,* го сака знаењето,+ а кој го мрази укорот, неразумен е.+  Добриот човек стекнува милост од Јехова,+ а човекот со зли замисли Тој го прогласува за зол.+  Со злоба човек не се утврдува,+ а коренот на праведниците нема да се разниша.+  Вредната жена е круна за својот маж,*+ а таа што постапува срамно му е како гнилеж во коските.+  Мислите на праведните се исправни,+ а советот на злите е измамлив.+  Зборовите на злите се заседа за крвопролевање,+ а справедливите ги избавува нивната уста.+  Злите се соборувани и ги нема повеќе,+ а куќата на праведниците стои цврсто.+  Човекот го фалат поради неговата разборита уста,+ а оној што е изопачен во срцето, заслужува презир.+  Подобро е да бидеш неугледен, а да имаш слуга, отколку да се возвишуваш самиот себеси, а да немаш леб.+ 10  Праведникот се грижи за душата на своето животно,+ а милосрдието на злиот, всушност, е свирепост.+ 11  Кој ја обработува својата земја, ќе се насити со леб,+ а кој трча по безвредни работи, неразумен е.*+ 12  Злиот човек го посакува пленот од мрежата на лошите луѓе,+ а коренот на праведниците донесува плод.+ 13  Со престапот на своите усни злиот се фаќа во стапица,+ а праведникот се избавува од неволја.+ 14  Од плодот на својата уста човек се сити со добро,+ и што ќе направи човек со свои раце, тоа ќе му се врати.+ 15  На глупавиот неговиот пат му се чини исправен,+ а кој слуша совет, мудар е.+ 16  Безумникот веднаш ја открива својата лутина,+ а паметниот го покрива срамот.+ 17  Кој кажува веродостојни зборови, го зборува она што е праведно,+ а лажниот сведок зборува измама.+ 18  Оној што зборува непромислено, како да прободува со меч,+ а јазикот на мудрите е лек.+ 19  Вистинољубивите усни+ ќе постојат засекогаш,+ а лажливиот јазик само за миг.+ 20  Измамата е во срцето на оние што смислуваат зло,+ а оние што го унапредуваат мирот, се радуваат.+ 21  Праведникот не го снаоѓа никакво зло,+ а злите се полни со неволји.+ 22  Лажливите усни му се одвратни на Јехова,+ а оние што постапуваат верно му донесуваат радост.+ 23  Паметниот човек го крие своето знаење,+ а срцето на глупавите ја разгласува својата глупавост.+ 24  Раката на трудољубивите луѓе владее,+ а мрзливата рака води во ропство.+ 25  Од загриженост срцето на човекот му премалува,+ а добриот збор го радува.+ 26  Праведникот ги прегледува своите пасишта, а патот на злите ги наведува да талкаат.+ 27  Со мрзливост дивеч не се истерува,+ а трудољубивоста е скапоцено богатство за човекот. 28  На патеката на праведноста се наоѓа животот,+ и кој оди по нејзиниот пат, ќе ја избегне смртта.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „сопственик (господар)“.
Буквално: „нема [разборито] срце“.