Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Изреки 10:1-32

10  Мудри изреки на Соломон.+ Мудриот син го радува таткото,+ а безумниот син е жалост за мајката.+  Од богатството на злиот човек нема никаква корист,+ но праведноста избавува од смрт.+  Јехова нема да дозволи да гладува душата на праведникот,+ а копнежот на злите ќе го одбие.+  Кој работи со мрзлива рака, осиромашува,+ а трудољубивата рака го збогатува човекот.+  Кој собира лете, тој е разборит* син, а кој спие цврсто во времето на жетвата, тој син донесува срам.+  Благословите се за главата на праведникот,+ а устата на злите крие насилство.+  Споменот за праведникот му донесува благослов,+ а името на злите гние.+  Кој има мудро срце, ги прифаќа заповедите,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+  Кој живее* непорочно,* живее без страв,+ а кој постапува расипано, самиот се разоткрива.+ 10  Кој намигнува пакосно со окото, нанесува болка,+ а кој има безумни усни, ќе биде згазен.+ 11  Устата на праведникот е извор на животот,+ а устата на злиот крие насилство.+ 12  Омразата предизвикува караници,+ а љубовта ги покрива сите престапи.+ 13  На усните на разборитиот се наоѓа мудроста,+ а прачката е за грбот на неразумниот човек.*+ 14  Мудрите собираат знаење,+ а устата на глупавиот е на работ на пропаста.+ 15  Богатството е утврден град+ за богатиот, а на бедните им е пропаст нивната сиромаштија.+ 16  Работата на праведникот води во живот,+ приходот на злобниот води во грев.+ 17  Кој прифаќа опомени,* упатува и други на патот на животот,+ а кој го отфрла укорот, ги води на погрешен пат.+ 18  Оној што ја прикрива омразата, има лажливи усни,+ и оној што шири лош глас, безумен е.+ 19  Многуте зборови не остануваат без грев,+ а кој си ги зауздува усните, постапува разборито.+ 20  Јазикот на праведникот е одбрано сребро,+ а срцето на злиот малку вреди.+ 21  Усните на праведникот пасат мнозина,+ а глупавите умираат поради својата безумност.*+ 22  Благословот од Јехова збогатува,+ и Бог не задава никаква болка притоа.+ 23  За глупавиот е забавно да направи срамотно дело,+ а мудроста му припаѓа на разборитиот човек.+ 24  Од што се плаши злобниот, тоа ќе го снајде,+ а желбата на праведниците ќе им биде исполнета.+ 25  Како што поминува виорот, така го снемува злиот човек,+ а праведникот е како вечен темел.+ 26  Она што е оцетот за забите и димот за очите, тоа е мрзливецот за своите господари.+ 27  Стравот од Јехова додава денови,+ а на злите им се скратуваат годините.+ 28  Очекувањето на праведниците е исполнето со радост,+ а надежта на злите пропаѓа.+ 29  Јеховиниот пат е заштита за непорочните,*+ а пропаст ги чека оние што прават зло.+ 30  Праведникот нема никогаш да се сопне,+ а злите нема да останат на земјата.+ 31  Устата на праведникот раѓа мудрост,+ а изопачениот јазик ќе биде истребен.+ 32  Усните на праведникот наидуваат на одобрување,+ а устата на злобните е полна со изопаченост.+

Фусноти

Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „оди“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „оној што нема [разборито] срце“.
Види ја фуснотата за Из 1:2.
Буквално: „затоа што немаат [разборито] срце“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.