Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 9:1-17

9  Објава:+ „Јеховината реч е против земјата Хадрах и почива на Дамаск,+ зашто Јеховиното око е на земниот човек+ и на сите племиња на Израел.  Таа реч е и против Емат,+ кој се граничи со неа, и против Тир+ и Сидон,+ зашто се многу мудри.+  Тир си изгради бедем, натрупа сребро како прашина и злато како кал од улиците.+  Но ете, Јехова ќе му одземе сѐ што има и неговата воена сила ќе ја фрли в море,+ и оган ќе го проголта.+  Аскалон ќе го види тоа и ќе се исплаши. И Газа ќе почувствува силна болка, а и Екрон+ исто така, зашто неговата надеж+ ќе биде осрамотена. И ќе го снема царот од Газа, а Аскалон повеќе нема да биде населен.+  Незаконскиот+ син ќе живее во Азот,+ и ќе ја уништам гордоста на Филистејците.+  Од устата ќе им го отстранам она што е извалкано со крв, и од забите+ она што е одвратно, а кој ќе остане, ќе му припадне на нашиот Бог и ќе биде како кнез*+ во Јуда,+ а Екрон ќе биде како Евусеец.+  И ќе се улогорам како стража за својот дом+ за никој да не може ниту да доаѓа ниту да заминува. И надзорникот повеќе нема да доаѓа меѓу нив,+ зашто сега видов сѐ со свои очи.+  Радувај се многу, ќерко сионска!+ Викај победнички,+ ќерко ерусалимска! Еве, царот+ твој доаѓа кај тебе!+ Тој е праведен и спасен,+ понизен+ е и јава на магаре, на магаре — рожба на магарица.+ 10  И ќе ги уништам бојните коли во Ефрем и коњите во Ерусалим.+ Ќе бидат уништени бојните лакови.+ И тој ќе им зборува за мир на народите.+ Власта негова ќе биде од море до море и од Реката* до краиштата на земјата.+ 11  А тебе, поради крвта на сојузот што го склучив со тебе,+ ќе ти ги ослободам затворениците+ од безводната јама. 12  Вратете се во тврдината,+ затвореници полни со надеж!+ Ти јавувам денес: ‚Двојно ќе ти вратам.+ 13  Зашто, Јуда ќе го затегнам како својот лак, Ефрем ќе го земам за стрела, и ќе ги подигнам твоите синови,+ Сионе, против твоите синови, Грцијо,*+ и ќе направам, Сионе, да бидеш како меч на јунак‘.+ 14  Над нив Јехова ќе се покаже+ и неговата стрела ќе полета како молња.+ Севишниот Господар Јехова ќе затруби во рог,+ ќе дојде со јужните виори.+ 15  Јехова над војските ќе ги брани, а тие ќе ги проголтаат+ и ќе ги покорат камењата фрлени со праќа. И тие ќе пијат+ и ќе подвикнуваат како да пиеле вино. И ќе бидат полни како сад, како аглите на жртвеникот.+ 16  И Јехова, нивниот Бог, ќе ги спаси+ во тој ден како стадо од својот народ,+ зашто тие ќе блеснат над неговата земја како камење во круна.*+ 17  О, колку е добар,+ колку е убав!+ Момците ќе растат од жито, а девиците од младо вино“.+

Фусноти

Или: „шеик“.
Односно, Еуфрат.
Буквално: „Јаване“. Види 1Мо 10:2.
Или: „дијадема“.