Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 8:1-23

8  И пак дојде речта на Јехова над војските:  „Вака вели Јехова над војските:+ ‚Ќе ревнувам за Сион со голема ревност,+ и ќе ревнувам за него* со силен гнев‘ “.+  „Вака вели Јехова: ‚Ќе се вратам на Сион+ и ќе престојувам сред Ерусалим,+ и Ерусалим ќе се вика град на вистината,+ а гората на Јехова+ над војските — света гора.‘ “+  „Вака вели Јехова над војските: ‚Старци и старици пак ќе седат на ерусалимските плоштади,+ секој со стапот+ в рака поради својот долг живот.  И градските плоштади ќе се наполнат со момчиња и девојчиња, кои ќе си играат на неговите плоштади.‘ “+  „Вака вели Јехова над војските: ‚Ако биде тоа претешко во очите на остатокот на овој народ во оние денови, ќе биде ли претешко и во мои очи?‘*+ — вели Јехова над војските.“  „Вака вели Јехова над војските: ‚Еве, го спасувам својот народ од источна земја и од западна земја.+  И јас ќе ги доведам, и тие ќе живеат сред Ерусалим,+ и ќе бидат мој народ,+ и јас ќе бидам нивни Бог, во вистина и во праведност.‘ “+  „Вака вели Јехова над војските: ‚Нека ви бидат силни+ рацете вам, кои деновиве ги слушате овие зборови од устата на пророците,+ кои беа таму во денот кога е положен темелот на домот на Јехова над војските, за да се изгради храмот.+ 10  Зашто, пред овие денови немаше ни плата за човек,+ ни плата за животно. Немаше мир од непријателот и за оној што патуваше,+ зашто ги подбуцнував сите луѓе едни против други‘.+ 11  ‚Но сега со остатокот од овој народ нема да постапувам како во поранешните денови‘,+ вели Јехова над војските. 12  ‚Зашто, ќе се сее семето на мирот,+ лозата ќе го донесе својот плод,+ земјата ќе го даде својот род,+ а небото својата роса.+ И сето тоа ќе му го дадам како наследство+ на остатокот од овој народ.+ 13  И како што порано бевте проклетство меѓу народите,+ доме Јудин и доме Израелов,+ така сега ќе ве спасам и ќе бидете благослов.+ Не плашете се!+ Рацете нека ви бидат силни!‘+ 14  Зашто, вака вели Јехова над војските: ‚„Како што наумив да ви нанесам неволја поради тоа што ме разгневија вашите татковци,“+ вели Јехова над војските, „и не зажалив,+ 15  така во овие денови наумив да им направам добро на Ерусалим и на домот на Јуда.+ Не плашете се!“ ‘+ 16  ‚А ова треба да го правите:+ Зборувајте ја вистината еден со друг!+ На градските порти судете според вистината и донесувајте пресуди што водат кон мир.+ 17  Не смислувајте зло во своето срце еден против друг+ и не сакајте ги лажните заклетви,+ зашто сето тоа го мразам!‘+ — вели Јехова.“ 18  И пак ми дојде речта на Јехова над војските: 19  „Вака вели Јехова над војските: ‚Постот во четвртиот,+ постот во петтиот,+ постот во седмиот+ и постот во десеттиот+ месец за домот Јудин ќе станат радост, веселба и радосни празници.+ Затоа сакајте ги вистината и мирот!‘+ 20  Вака вели Јехова над војските: ‚Ќе доаѓаат народи и жители на многу градови,+ 21  и жителите на еден град ќе одат кај оние од друг град, велејќи: „Ајде да појдеме+ да го смилостивиме* лицето+ на Јехова и да го бараме Јехова над војските! Ќе појдам и јас!“+ 22  И ќе доаѓаат во Ерусалим многу племиња и моќни народи за да го бараат Јехова над војските+ и за да го смилостиват лицето Јеховино‘. 23  Вака вели Јехова над војските: ‚Во тие денови, десет луѓе од сите јазици што ги зборуваат народите+ ќе фатат+ за скут еден Евреин,+ ќе го фатат, велејќи: „Ќе одиме со вас+ зашто чувме дека Бог е со вас“ ‘ “.+

Фусноти

Или: „Љубоморно ќе го бранам Сион со голема љубомора, љубоморно ќе го бранам“.
Или: „Ако тоа е невозможно во очите на остатокот од овој народ во оние денови, зарем ќе биде невозможно и во мои очи“, според Септуагинтата (LXX). Спореди со Мт 19:26.
Буквално: „омекнеме“.