Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 7:1-14

7  Потоа, во четвртата година на цар Дариј,+ во четвртиот ден од деветтиот месец, а тоа е месецот кислев,*+ Јеховината реч му дојде на Захарија.  И Ветил ги испрати Сарацер, Регем-Мелех и неговите луѓе за да го смилостиват*+ лицето на Јехова  и да ги прашаат свештениците+ во домот на Јехова над војските, а и пророците: „Треба ли да плачам во петтиот+ месец и да постам, како што го правам тоа толку години?“+  И пак ми дојде речта на Јехова над војските:  „Кажи им на сиот народ* и на свештениците: ‚Кога постевте+ и тажевте во петтиот и во седмиот+ месец, и тоа седумдесет години,+ дали постевте за мене?+  И кога јадете и пиете, зар не сте вие тие што јадат и пијат?  Зар не требаше да ги послушате зборовите+ што ги објави Јехова преку пророците во минатото+ додека Ерусалим и градовите околу него уште беа населени и во мир, и додека Негев*+ и Шефела*+ беа населени?‘ “  И на Захарија пак му дојде Јеховината реч:  „Вака вели Јехова над војските: ‚Судете според вистинската правда+ и покажувајте си еден на друг добрина*+ и милосрдие.+ 10  Не угнетувајте ја вдовицата,+ ниту детето без татко,+ ниту дојденецот,+ ниту оној што е во неволја,+ не смислувајте зло во своето срце еден против друг‘.+ 11  Но тие не сакаа да послушаат,+ туку тврдоглаво свртија грб+ и ги затнаа ушите за да не слушаат.+ 12  И своето срце+ го направија тврдо како каменот корунд за да не ги послушаат законот+ и зборовите што со својот дух+ им ги испраќаше Јехова над војските преку пророците во минатото.+ Затоа Јехова над војските многу се разгневи“.+ 13  „ ,И така, како што јас викав, а тие не слушаа,+ така и тие викаа, а јас не слушав‘,+ вели Јехова над војските. 14  ‚И со виор ги распрснав меѓу сите народи,+ кои тие не ги познаваа,+ и земјата зад нив остана пуста, никој не минуваше низ неа, ниту, пак, се враќаше.+ И така пожелната земја+ ја претворија во ужасна глетка.‘ “

Фусноти

По изгнанството во Вавилон, 9. месец од еврејскиот лунарен календар го добил името кислев. Види го додатокот 14.
Буквално: „омекнат“.
Буквално: „народ од земјата“ (хебрејски: ам хаарец). Види ја фуснотата за Агеј 2:4.
Или: „југот“, односно јужниот дел на Ветената земја.
Или: „низината“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.