Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 5:1-11

5  Потоа пак ги подигнав очите и погледнав, кога ете — свиток што лета.+  А тој ме праша: „Што гледаш?“+ Му одговорив: „Гледам свиток што лета, дваесет лакти долг и десет лакти широк“.  Тогаш тој ми рече: „Тоа е проклетството што доаѓа на целата земја,+ зашто секој што краде+ остана без казна според она што е запишано на оваа страна, и секој што се колне+ остана без казна според она што е запишано на другата страна.+  ‚Јас го испратив‘, вели Јехова над војските, ‚да влезе во куќата на крадецот и во куќата на оној што се колне лажно во мое име.+ И ќе престојува во неговата куќа и ќе ја уништи заедно со нејзината дрвена граѓа и со нејзините камења‘ “.+  Потоа ангелот што зборуваше со мене излезе и ми рече: „Подигни ги очите, те молам, и види што е тоа што излегува“.  А јас прашав: „Што е тоа?“ Тој рече: „Тоа што излегува е ефа“.* Па продолжи: „Вакви се злите по целата земја“.  И ете, се подигна една тркалезна оловна поклопка, и некоја жена седеше сред ефата.  А тој рече: „Ова е Злото“. И ја турна назад во ефата,+ а на отворот фрли тешко парче олово.  Потоа ги подигнав очите и погледнав, кога ете — се појавија две жени, со ветар во своите крилја. Крилјата им беа како крилја на штрк. И ја кренаа ефата меѓу земјата и небото. 10  А јас го прашав ангелот што зборуваше со мене: „Каде ја носат ефата?“ 11  Тој ми одговори: „Во земјата Сенар+ за да ѝ изградат+ на жената куќа. И кога ќе биде довршена, таму ќе ја стават жената на нејзиното место“.

Фусноти

Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.