Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 4:1-14

4  И ангелот што зборуваше со мене се врати и ме разбуди, како што се разбудува човек од сон.+  И ме праша: „Што гледаш?“+ А јас одговорив: „Еве, гледам светилник, сиот од злато,+ а горе врз него има сад, а и седум светилки.+ Седумте светилки на неговиот врв имаат седум цевчиња.  И две маслинки се покрај него,+ едната од десната страна на садот, а другата од левата“.  Тогаш му се обратив на ангелот што зборуваше со мене и го прашав: „Што претставува ова, господару мој?“+  Ангелот што зборуваше со мене ми одговори: „Зар не знаеш што претставува тоа?“ А јас му реков: „Не знам, господару“.+  Тогаш тој ми одговори: „Ова е Јеховината реч до Зоровавел: ‚„Не со воена сила,+ ниту со моќ,+ туку со мојот дух“,+ вели Јехова над војските.  Која си ти, голема планино?+ Пред Зоровавел+ ќе станеш рамница. И тој ќе го донесе завршниот камен+ со извици:+ „Убавина! Убавина!“ ‘ “+  И пак ми дојде Јеховината реч:  „Рацете на Зоровавел го положија темелот на овој дом+ и истите тие ќе го довршат.+ И тогаш ќе знаеш дека Јехова над војските ме испрати кај вас.+ 10  Зашто, кој го презре денот на скромните почетоци?+ Народот, а и седумте очи ќе се израдуваат+ кога ќе го видат висулецот во рацете на Зоровавел. Овие седум очи се очите на Јехова.+ Тие ја пребаруваат целата земја“.+ 11  А јас проговорив и го прашав: „Што претставуваат овие две маслинки од десната и од левата страна на светилникот?“+ 12  Проговорив и по втор пат и го прашав: „Што претставуваат гранките на овие две маслинки од кои, низ две златни цевки, се излева златна течност?“ 13  А тој ми рече: „Зар не знаеш што претставува тоа?“ Одговорив: „Не знам, господару“.+ 14  Тогаш тој рече: „Тоа се двајцата помазаници+ што стојат покрај Господарот на целата земја“.+

Фусноти