Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 3:1-10

3  И ми го покажа Исус,+ првосвештеникот, како стои пред Јеховиниот ангел, и Сатана*+ како му стои оддесно за да му се противи.+  Тогаш Јеховиниот ангел+ му рече на Сатана: „Јехова нека те прекори,+ Сатано! Нека те прекори Јехова, кој го избра Ерусалим!+ Не е ли овој гламна истргната од оган?“+  А Исус, облечен во валкана облека,*+ стоеше пред ангелот.  Тогаш ангелот им се обрати на оние што стоеја пред него и им рече: „Соблечете ја од него валканата облека“. Потоа му рече нему: „Еве, го симнав од тебе твојот престап+ и ќе те облечат во свечена облека“.+  И реков: „Нека му стават чист турбан на главата“.+ И му ставија чист турбан на главата и го облекоа, а Јеховиниот ангел стоеше таму.  И Јеховиниот ангел го поттикна Исус, велејќи:  „Вака вели Јехова над војските: ‚Ако одиш по моите патишта и ако ги држиш моите заповеди,+ тогаш ти ќе му судиш на мојот дом+ и ќе ги чуваш моите дворови, и ќе ти дозволам слободно да им пристапиш на оние што стојат таму‘.  ‚Слушај, те молам, Исусе, првосвештенику, ти и твоите другари што седат пред тебе, зашто тие се знак!+ Зашто, еве, јас го доведувам својот слуга,+ Фиданката.+  Зашто, еве го каменот+ што го ставив пред Исус! На тој единствен камен има седум очи.*+ Еве, на него врежувам знак,‘+ вели Јехова над војските, ‚и ќе го отстранам престапот на оваа земја во еден ден.‘+ 10  ‚Во тој ден,‘ вели Јехова над војските, ‚ќе се довикувате еден со друг под лозата и под смоквата‘ “.+

Фусноти

Или: „Противникот“. Види ја фуснотата за изразот „Сатана“ во Јов 1:6.
Се мисли на облека извалкана со измет.
Односно „седум пара очи“, зашто на хебрејски именката „очи“ е во двоина.