Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 2:1-13

2  Ги подигнав очите и погледнав, кога ете — човек со мерно јаже во рацете.+  Го прашав: „Каде одиш?“ А тој ми одговори: „Да го измерам Ерусалим и да видам колку е широк и колку е долг“.+  И ете, излезе ангелот што зборуваше со мене, а друг ангел му тргна во пресрет.  И му рече: „Трчај, кажи му на оној млад човек вака: ‚„Ерусалим ќе биде населен како град без ѕидови+ поради мноштвото луѓе и стока во него.+  И јас ќе му бидам“, вели Јехова, „огнен ѕид наоколу+ и ќе го исполнам со својата слава“ ‘ “.+  „Одете! Одете! Бегајте од северната земја!“+ — вели Јехова. „Јас ве расеав на сите страни“,*+ вели Јехова.  „Оди, Сионе!+ Бегај, ти што живееш кај вавилонската+ ќерка!  Зашто, вака вели Јехова над војските кој, откако се прослави,+ ме испрати кај народите што ве ограбија:+ ‚Кој ве допира вас,+ ја допира зеницата на моето око.+  Зашто, еве, замавнувам со раката на нив,+ и ќе им станат плен на своите робови‘ “.+ „И тогаш ќе знаете дека ме испрати Јехова над војските.“+ 10  „Викај и радувај се, ќерко сионска,+ зашто, еве, доаѓам+ и ќе живеам среде тебе“,+ вели Јехова. 11  „И многу народи во тој ден ќе појдат по мене+ и ќе бидат мој народ,+ а јас, Јехова, ќе живеам среде тебе.“ Тогаш ќе знаеш дека Јехова над војските ме испрати кај тебе.+ 12  И Јехова ќе го земе Јуда како свој дел во светата земја+ и пак ќе го избере Ерусалим.+ 13  Нека молчи секој човек пред Јехова,+ зашто тој стана+ од своето свето живеалиште.+

Фусноти

Буквално: „во четирите небесни ветрови“.