Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 14:1-21

14  „Еве, доаѓа денот Јеховин,+ и пленот твој ќе се раздели среде тебе.  И ќе ги соберам сите народи за војна+ против Ерусалим. Градот ќе биде освоен,+ куќите ограбени, жените силувани.+ Половина град ќе отиде во изгнанство,+ но преостанатиот народ+ нема да биде истребен од градот.+  И Јехова ќе излезе и ќе војува против тие народи+ како во денот на својата војна, во денот на бој.+  И нозете негови во тој ден ќе стојат на Маслинската Гора што лежи спроти Ерусалим, на исток.+ И Маслинската Гора+ ќе се расцепи по средина,+ од исток до запад. И ќе настане многу голема долина, половина гора ќе се помести кон север, а половина кон југ.  И ќе бегате во долината на моите гори,+ зашто долината меѓу горите ќе се протега до Асел. Ќе бегате како што бегавте од земјотресот во деновите на Озија, царот на Јуда.+ И Јехова, мојот Бог, ќе дојде,+ и сите свети со него.+  Во тој ден, ќе го нема драгоценото светло+ — сѐ ќе смрзне.+  Тоа ќе биде ден познат како Јеховин ден.+ Тогаш нема да има ни ден ни ноќ.+ Навечер ќе има светлина.+  Во тој ден, ќе потечат живи води+ од Ерусалим,+ половината кон источното море,+ а половината кон западното.+ Така ќе биде и лете и зиме.+  И Јехова ќе биде цар на целата земја.+ Во тој ден, Јехова ќе биде еден,+ и неговото име ќе биде едно.+ 10  Сета земја ќе стане како Араба,+ од Гева+ до Римон,+ јужно од Ерусалим, кој ќе се подигне и ќе биде населен на своето место,+ од Венијаминовата Порта+ до местото на Првата Порта, па дури и до Аголната Порта и до кулата на Ананел,+ до винското гмечало на царот. 11  Народот ќе живее во него, и проклетството на уништувањето повеќе нема да го погоди.*+ Ерусалим ќе живее без страв.+ 12  А ова е напаста со која Јехова ќе ги удри сите народи што ќе војуваат против Ерусалим:+ месото ќе им изгние уште додека се на нозе,+ очите ќе им изгнијат во очните дупки, јазикот ќе им изгние во устата. 13  И во тој ден, меѓу нив ќе се прошири збрка од Јехова,+ и секој ќе го фаќа за рака својот ближен, и раката на едниот ќе се крева против раката на неговиот ближен. 14  И Јуда ќе војува во Ерусалим. Ќе се собере богатството на сите околни народи: злато, сребро и облека во големо изобилство.+ 15  А иста таква напаст ќе ги погоди и коњите, маските, камилите, магарињата и сета стока што ќе биде во тие логори. 16  А секој што ќе остане од сите народи што ќе дојдат против Ерусалим+ ќе доаѓа од година во година+ за да му се поклони на Царот,+ Јехова над војските,+ и да го слави Празникот на сениците.+ 17  А ако некој од народите+ на земјата не дојде+ во Ерусалим за да му се поклони на Царот, Јехова над војските, врз него нема да врне дожд.+ 18  Ако египетскиот народ не се појави и не дојде, и врз него нема да врне дожд. Врз него ќе дојде напаста со која Јехова ги удира народите што не доаѓаат да го слават Празникот на сениците. 19  Тоа ќе биде казна за гревот на Египет и за гревот на сите народи што нема да дојдат да го слават Празникот на сениците.+ 20  Во тој ден, на коњските ѕвонци ќе пишува+ ‚Јехова е свет‘.+ И лонците+ во домот Јеховин ќе бидат како садовите+ пред жртвеникот.+ 21  Секој лонец во Ерусалим и во Јуда ќе биде свет за Јехова над војските. И сите што принесуваат жртви ќе дојдат, ќе ги земат и ќе готват во нив.+ И во тој ден повеќе нема да има Ханаанци+ во домот на Јехова над војските.“+

Фусноти

Или: „и нема повеќе да стане херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.