Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 11:1-17

11  „Отвори ги вратите, Ливане,+ за оган да ги проголта кедрите твои!+  Плачи горко, смреко, зашто кедарот падна, зашто моќните стебла се опустошени.+ Плачете горко, големи стебла васански, зашто непроодната шума е соборена.+  Чујте го горкото плачење на овчарите,+ зашто нивното величество е опустошено.+ Чујте го рикањето на младите лавови, зашто се опустошени честаците на Јордан.+  Вака вели Јехова, мојот Бог: ‚Паси ги овците одредени за колење,+  кои купувачите нивни ги колат,+ а никој не ги се смета за виновни.+ А оние што ги продаваат+ велат: „Нека е благословен Јехова зашто ќе се збогатам!“+ И нивните пастири немаат сомилост кон нив‘.+  ‚Ни јас повеќе нема да имам сомилост кон жителите на оваа земја‘,+ вели Јехова. ‚Еве, го предавам секој човек во рацете на неговиот ближен+ и во рацете на неговиот цар.+ И тие ќе ја пустошат земјата, а јас нема никого да избавам од нивните раце.‘ “+  И заради вас, несреќници од стадото,+ го пасев стадото+ одредено за колење.+ И зедов два стапа.+ Едниот го нареков Наклоност,+ а другиот Врска.+ Така го пасев стадото.  Најпосле, во еден месец*+ отстранив три овчари, зашто повеќе немав трпение со нив,+ а и јас ним им бев одвратен.  Потоа реков: „Нема повеќе да ве пасам!+ Која мора да пцовиса, нека пцовиса! Која мора да исчезне, нека исчезне!+ А тие што ќе останат, нека си го изедат месото една на друга!“+ 10  И го зедов својот стап Наклоност+ и го исеков+ за да го раскинам сојузот што го склучив со својот народ.+ 11  И на тој ден беше раскинат, а несреќниците од стадото,+ кои ме набљудуваа,+ на тој начин спознаа дека тоа беше реч од Јехова. 12  Тогаш им реков: „Ако е тоа добро во ваши очи,+ дајте ми плата, ако не е, не давајте ми“. И ми ја исплатија платата — триесет сребреници.+ 13  Тогаш Јехова ми рече: „Фрли ја во ризницата+ таа голема вредност со која ме проценија!“+ И ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлив во ризницата на Јеховиниот дом.+ 14  Тогаш го исеков и својот друг стап, Врската,+ за да го раскинам братството+ помеѓу Јуда и Израел.+ 15  И Јехова ми рече: „Земи ја и опремата на бескорисниот овчар.+ 16  Зашто, еве, јас ќе дадам во земјата да се подигне овчар.+ Нема да води грижа за исчезнатите овци,+ нема да ги бара младите, нема да ги лечи повредените.+ Оние што можат да стојат нема да ги храни, од згоените месото ќе го јаде+ и папците ќе им ги откинува.+ 17  Тешко на мојот безвреден овчар,+ кој го остава стадото!+ Меч ќе му се надвие над раката и над десното око. Раката сосема ќе му се исуши,+ а десното око сосема ќе му потемни“.

Фусноти

Или: „лунарен месец“. Види го додатокот 14.