Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Захарија 1:1-21

1  Во осмиот месец од втората година на Дариј,+ на Захарија,+ синот на Верехија, син на Идо,+ пророкот, му дојде Јеховината реч:  „Јехова многу се разгневи на вашите татковци.+  Затоа кажи им: ‚Вака вели Јехова над војските: „ ,Вратете се кај мене,‘+ вели Јехова над војските, ‚и јас ќе се вратам кај вас‘,+ вели Јехова над војските“ ‘.  ‚Не бидете како вашите татковци,+ кои поранешните пророци ги повикуваа, велејќи им:+ „Вака вели Јехова над војските: ‚Вратете се, ве молам, од своите лоши патишта и од своите лоши дела‘ “ .‘+ ‚Но тие не слушаа и не обрнаа внимание на она што им го зборував‘,+ вели Јехова.  ‚Каде се сега вашите татковци?+ Зар пророците+ живеат довека?  Зар моите зборови и моите уредби што им ги дадов на своите слуги, пророците,+ не ги стигнаа вашите татковци?‘+ А тие мораа да признаат: ‚Како што Јехова над војските науми да направи со нас,+ според нашите патишта и според нашите дела, така и постапи‘ “.+  На дваесет и четвртиот ден од единаесеттиот месец, а тоа е месецот шеват, во втората година на Дариј,+ на Захарија,+ синот на Верехија, син на Идо,+ пророкот, му дојде Јеховината реч.  Ова го видов ноќе: Ете, човек+ на црвен коњ+ што стои во долина меѓу миртини дрвја,+ а зад него има лисести, црвени и бели коњи“.+  И јас прашав: „Кои се овие, господару мој?“+ А ангелот што зборуваше со мене ми рече:+ „Јас ќе ти покажам кои се тие“. 10  Тогаш човекот што стоеше меѓу миртините дрвја одговори: „Ова се оние што Јехова ги испрати да ја обиколуваат земјата“.+ 11  И тие му се обратија на Јеховиниот ангел што стоеше меѓу миртите, и рекоа: „Ја обиколивме земјата,+ и ете, целата земја е во мир и почива“.+ 12  И Јеховиниот ангел одговори: „О Јехова над војските, до кога нема да покажуваш милосрдие кон Ерусалим и кон градовите на Јуда,+ над кои твојата осуда трае овие седумдесет години?“+ 13  А на ангелот што зборуваше со мене Јехова му одговори со пријатни, утешни зборови.+ 14  А ангелот што зборуваше со мене ми рече: „Објави ги следниве зборови: ‚Вака вели Јехова над војските: „Ревнувам за Ерусалим и за Сион со голема ревност.*+ 15  Со голем гнев се гневам на народите што се безгрижни,+ зашто јас се разгневив+ малку, а тие ја влошија неволјата“ ‘.+ 16  Затоа вака вели Јехова: ‚„Ќе се вратам во Ерусалим со милосрдност.+ Во него ќе го изградам мојот дом,“+ вели Јехова над војските, „и преку Ерусалим ќе се оптегнува мерно јаже“ ‘.+ 17  Објави ги и следниве зборови: ‚Вака вели Јехова над војските: „Во моите градови пак ќе се прелева добротата,+ и јас, Јехова, пак ќе се сожалам на Сион+ и пак ќе го изберам Ерусалим“ ‘ “.+ 18  Ги подигнав очите и погледнав, кога ете — четири рога.+ 19  И го прашав ангелот што зборуваше со мене: „Што е ова?“ А тој ми одговори: „Тоа се роговите што ги распрснаа Јуда,+ Израел+ и Ерусалим“.+ 20  Потоа Јехова ми покажа четворица занаетчии. 21  А јас го прашав: „За каква работа се дојдени овие?“ Тој одговори: „Ова се роговите+ што го распрснаа Јуда на таков начин што никој глава не подигна. А овие дојдоа за да ги исплашат, да ги соборат роговите на народите што подигаат рог против земјата на Јуда за да ја распрснат“.+

Фусноти

Или: „Горам од љубомора, од голема љубомора, за Ерусалим и за Сион“.