Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Ефешаните 6:1-24

6  Деца, слушајте ги своите родители+ во Господарот,*+ зашто тоа е праведно.+  „Почитувај ги татка си и мајка си“+ — тоа е првата заповед проследена со ветување:+  „За да ти биде добро и да останеш долго на земјата“.+  А вие, татковци, не раздразнувајте ги своите деца,+ туку воспитувајте ги+ со стега*+ од Јехова и помагајте им да го усвојат неговиот начин на размислување.+  Робови, слушајте ги своите земни господари,+ со страв и со почит,+ со искрено срце, како што го слушате Христос —  не само кога ве гледаат, како такви што им угодуваат на луѓе,+ туку како Христови робови, вршејќи ја Божјата волја со сета душа.+  Робувајте доброволно — како за Јехова,+ а не како за луѓе —  знаејќи дека секој, ако направи нешто добро, за тоа ќе добие плата од Јехова,+ било да е роб било да е слободен.+  А и вие, господари, постапувајте со нив на истиот начин и немојте да им се заканувате,+ знаејќи дека и нивниот и ваш Господар+ е на небесата и дека тој не е пристрасен.+ 10  На крајот, јакнејте+ во Господарот и во неговата голема сила.+ 11  Облечете ја сета Божја воена опрема+ за да можете да им се спротивставите на Ѓаволовите сплетки.+ 12  Зашто, ние не се бориме+ против крв и месо, туку против владите,+ против властите,+ против светските владетели+ на оваа темнина, против злите духовни сили+ на небесата. 13  Затоа, земете ја целата Божја воена опрема+ за да можете да се спротивставите во зол ден и, откако ќе направите сѐ што е потребно, да останете постојани.+ 14  Затоа, бидете постојани! Опашајте ги своите бедра+ со вистината,+ на градите ставете го оклопот на праведноста+ 15  и обујте ги нозете+ со спремноста да ја проповедате добрата вест на мирот.+ 16  Пред сѐ, земете го големиот штит на верата,+ со кој ќе можете да ги изгаснете сите огнени стрели на Злобниот.+ 17  Земете го и шлемот+ на спасението и мечот+ на духот,+ односно речта Божја,+ 18  молејќи се во духот+ со секаква молитва+ и сесрдна молба во секоја пригода. И поради тоа, бдејте со сета истрајност и со сесрдни молби за сите свети, 19  и за мене, за Бог да ми помогне,+ кога ќе ја отворам устата, со сета слобода+ да ја објавам светата тајна на добрата вест,+ 20  за која сум пратеник+ во синџири, за да можам за неа да зборувам смело, како што и треба да зборувам.+ 21  А за да знаете и вие што се случува со мене и како сум, за сѐ ќе ве извести Тихик,+ љубен брат и верен слуга во Господарот.+ 22  Ви го праќам токму поради тоа, за да знаете како сме и да ги утеши вашите срца.+ 23  Браќата нека имаат мир и љубов, со вера, од Бог, Таткото, и од Господарот Исус Христос. 24  Незаслужената доброта+ нека биде со сите оние што го сакаат нашиот Господар Исус Христос со нераспадлива љубов.

Фусноти

Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.