Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Ефешаните 5:1-33

5  Затоа, угледајте се на* Бог,+ како негови љубени деца,  и живејте* во љубов,+ како што и Христос ве сакаше вас+ и се предаде себеси за вас како принос+ и жртва за пријатен мирис на Бог.+  Блуд+ и секаква нечистотија или лакомост+ дури да не се спомнуваат меѓу вас,+ како што им прилега на свети луѓе,+  а исто и срамотно однесување,+ и безумен говор, и безобразни+ шеги, што е непристојно. Наместо тоа, упатувајте му благодарења на Бог.+  Зашто, ова го знаете и добро разбирате дека ниту еден блудник+ или нечист или лакомец+ — што значи дека е идолопоклоник — нема наследство во царството на Христос и на Бог.+  Никој да не ве мами со празни зборови,+ зашто поради сето тоа Божјиот гнев доаѓа врз непослушните синови.+  Затоа немојте да имате ништо со нив.+  Зашто, некогаш бевте темнина,+ а сега сте светлина+ во единство со Господарот.* Живејте* како деца на светлината,  зашто плодот на светлината се состои од секаква доброта и праведност и вистина.+ 10  Испитувајте што е прифатливо+ за Господарот. 11  И повеќе не учествувајте со нив+ во бесплодните дела на темнината,+ туку напротив, осудувајте ги+ таквите дела. 12  Зашто, за она што тие го прават во тајност е срамотно дури и да се зборува.+ 13  А сите дела што заслужуваат осуда+ се разоткриени преку светлината, зашто сѐ што е разоткриено+ е светлина. 14  Затоа е речено: „Разбуди се,+ ти што спиеш, и стани од мртвите,+ и Христос ќе те осветли“.+ 15  Затоа добро внимавајте како живеете*+ — не како немудри, туку како мудри. 16  Откупувајте си време,*+ зашто деновите се зли.+ 17  Затоа, повеќе не бидете неразумни, туку трудете се да разберете+ што е Јеховината волја.+ 18  И не опивајте се+ со вино, во кое има разузданост,+ туку исполнувајте се со дух.+ 19  Разговарајте меѓу себе со псалми,+ со фалбени песни+ на Бог и со духовни песни. Пејте+ и со песна фалете го Јехова+ во своите срца. 20  Секогаш благодарете му на нашиот Бог и Татко во името на нашиот Господар Исус Христос.+ 21  Бидете подложни еден на друг+ во страв од Христос. 22  Жените нека им бидат подложни на своите мажи+ како на Господарот, 23  зашто мажот е глава на жената+ како што е и Христос глава на собранието+ — тој, спасителот на тоа тело. 24  И како што собранието му е подложно на Христос, така и жените нека им бидат подложни на своите мажи во сѐ.+ 25  Мажи, сакајте ги своите жени,+ како што и Христос го сакаше собранието и се предаде себеси за него,+ 26  за да го посвети,+ чистејќи го со капење во вода, во речта Божја,+ 27  за да го доведе пред себе собранието во неговиот сјај,+ без дамка или брчка или нешто слично — свето и неизвалкано.+ 28  Така и мажите треба да ги сакаат своите жени како своите тела. Кој ја сака својата жена, се сака самиот себе. 29  Зашто, никој не го мрази своето тело, туку го храни и го негува,+ како и Христос собранието. 30  Зашто, ние сме делови на неговото тело.+ 31  „Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи до својата жена и тие двајцата ќе станат едно тело.“+ 32  Таа света тајна+ е голема. А јас зборувам за Христос и за собранието.+ 33  Значи, така и секој од вас да ја сака својата жена+ како самиот себе, а жената длабоко да го почитува+ својот маж.

Фусноти

Или: „имитирајте го“.
Буквално: „одете“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „Одете“.
Буквално: „одите“.
Или: „Добро користете го времето што го имате (секоја можност што ќе ви се укаже)“.