Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Ефешаните 3:1-21

3  Затоа јас, Павле, затвореник+ поради Христос Исус за вас, луѓе од другите народи...*+  Навистина, сте чуле дека за ваше добро ми е доверено управувањето+ со Божјата незаслужена доброта,  дека преку објава од небото ми беше објавена светата тајна,+ како што претходно ви напишав накратко.  Значи, кога го читате тоа, можете да проникнете во моето разбирање+ на светата тајна+ за Христос.  Во претходните поколенија, таа тајна+ не им беше објавена на човечките синови така како што сега преку духот им е откриена+ на неговите свети апостоли и пророци,+  имено, дека луѓе од другите народи треба со нас да бидат сонаследници и делови на истото тело+ и соучесници на ветувањето+ во единство со Христос Исус, благодарение на добрата вест.  Јас станав слуга+ на таа тајна според Божјата незаслужена доброта. Тој дар ми го даде Бог со тоа што ми ја покажа својата сила.+  Мене, најмалиот+ од сите свети, покажана ми е таа незаслужена доброта,+ за да им ја објавам на другите народи добрата вест+ за Христовото неистражливо богатство+  и да им објавам на луѓето како Бог управува+ со откривањето на светата тајна,+ која од дамнина е скриена во него, кој создал сѐ.+ 10  Целта на ова беше Божјата разнолика мудрост+ да може, преку собранието, сега да им се објави+ на владетелите и на властите+ на небесата, 11  според вечната намера која тој ја има во врска со Христос Исус,+ нашиот Господар.* 12  Благодарение на Христос, можеме слободно да зборуваме и со доверба да му пристапиме+ на Бог преку нашата вера во Христос. 13  Затоа ве молам да не паднете со духот поради моите неволји+ што ги поднесувам заради вас, зашто тие се ваша слава. 14  Затоа ги свиткувам колената+ пред Таткото,+ 15  кому секое семејство+ на небото и на земјата му го должи своето име.+ 16  И го молам да ви даде, според богатството на својата слава,+ да го зајакнете својот внатрешен човек+ со силата што доаѓа преку неговиот дух,+ 17  и Христос, преку вашата вера, заедно со љубовта да престојува во вашите срца,+ и да бидете вкоренети+ и втемелени+ 18  за да можете, заедно со сите свети, во потполност да разберете+ што е ширината и должината и височината и длабочината+ на вистината 19  и да ја спознаете Христовата љубов,+ која го надминува знаењето, за да се исполните со сета полнота+ што ја дава Бог. 20  А на оној што може со својата сила, која дејствува+ во нас, да направи неизмерно повеќе од сѐ што молиме или што ќе го замислиме,+ 21  нему нека му е слава преку собранието и преку Христос Исус низ сите поколенија во сета вечност!+ Амин.*

Фусноти

Или: „од незнабошците“.
Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.