Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Ефешаните 2:1-22

2  Бог ве оживеа иако бевте мртви поради своите престапи и гревови,+  во кои некогаш живеевте* онака како што живее овој свет,*+ по волјата на владетелот+ кој владее со воздухот, духот+ кој сега дејствува во непослушните синови.+  И меѓу нив сите ние некогаш живеевме според желбите на своето тело,+ угодувајќи им на желбите на телото+ и на умот, и по својата природа бевме деца кои заслужуваа Божји гнев,+ како и останатите.  Но Бог, кој е богат со милосрдие,+ ни ја покажа својата голема љубов+  така што нѐ оживеа и нѐ обедини со Христос уште додека бевме мртви поради престапите+ — преку незаслужената доброта сте спасени+  и нѐ воскресна+ со него и нѐ седна со него на небесата,+ бидејќи сме во единство со Христос Исус,  за, во поредокот* што доаѓа,+ да ни го покаже неизмерното богатство+ на својата незаслужена доброта, во благонаклоноста што ја чувствува кон нас кои сме во единство+ со Христос Исус.  Со посредство на таа незаслужена доброта сте спасени преку верата.+ И тоа не е ваша заслуга+ — тоа е Божји дар.+  Не, тоа не е поради делата,+ за никој да не може да се пофали+ со тоа. 10  Зашто, ние сме негово дело,+ создадени+ во Христос Исус+ за да правиме добри дела,+ кои Бог однапред ги одреди+ да ги правиме.* 11  Затоа, имајте на ум дека порано по тело бевте незнабошци+ — ве нарекуваа „необрежани“ оние што се нарекуваат „обрежани“, кои на телото се обрежани со рака+ 12  дека во тоа време бевте без Христос,+ отуѓени+ од израелската заедница и туѓинци за кои не важеа сојузите на ветувањето,+ бевте без надеж+ и без Бог во светот.+ 13  Но вие кои некогаш бевте далеку од Бог, сега во единство со Христос Исус дојдовте близу до Бог преку Христовата крв.+ 14  Зашто, тој е нашиот мир,+ тој, кој од двете групи+ направи една+ и го урна преградниот ѕид*+ што ги раздвојуваше.+ 15  Со своето тело+ го укина непријателството,+ Законот кој се состои од заповеди и одредби,+ за да може, во единство со себе, од двете групи+ да создаде еден нов човек+ и да воспостави мир 16  и да може двете групи во едно тело+ да ги помири со Бог+ преку маченичкиот столб,*+ зашто преку самиот себеси го уби непријателството.+ 17  И дојде и ви ја објави добрата вест на мирот+ вам кои бевте далеку од Бог и на оние што беа близу до Бог,+ 18  зашто преку Христос и едните и другите+ имаме пристап+ кај Таткото преку еден дух.+ 19  Затоа, повеќе не сте туѓинци+ и дојденци,+ туку сте им сограѓани+ на светите+ и домашни+ на Бога, 20  изѕидани на темелот+ на апостолите+ и пророците,+ а самиот Христос Исус е аголниот камен–темелник.+ 21  Во единство со него, целата градба е складно поврзана+ и расте во свет храм на Јехова.+ 22  Во единство со Христос,+ и вие се вградувате во градбата во која Бог престојува со духот.+

Фусноти

Буквално: „одевте“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „вековите“. Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Буквално: „за да одиме во нив“.
Алузија на преградата во храмот, која ги спречувала не-Евреите да влезат во дворот во кој имале пристап само Евреите.
Види го додатокот 8.